1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Декларација против репресијата врз Бугарите во Македонија

Бугарските крајно-десничарски партии Атака и ВМРО-БНД претставија заедничка декларација во бугарскиот парламент во која се повикува на заштита на Бугарите во Македонија.

„Македонија мора прво да си ги реши проблемите, за да продолжи на патот кон НАТО", изјави Волен Сидеров, лидер на крајно-десничарската партија „Атака“ пред бугарските пратеници. Во заедничка декларација со ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, се критикува за, како што се вели, репресијата врз Бугарите во Македонија. Сидеров упати критики и до шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов за, како што рече, неговото молчење за случувањата во Македонија.

Bulgarien Rechtsextremismus Volen Siderov Partei Ataka

Лидерот на Атака, Волен Сидеров

Тој побара и промена на содржината во македонските учебници, во кои според него, се фалсификува бугарската историја и преку коу се всадуванасилство и омраза против Бугарите. Според Сидеров неопходна е реформа на специјалните служби во Македонија и запирање на финансирањето на незаконски сепаратистички организации во Бугарија.

Неколку минути по својот настап од собраниската говорница, Сидеров предизвика инцидент кога обраќајќи му се на министерот за култура Вежди Рашидов, инаку припадник на турската заедница, му порача прво да научи да говори бугарски, а дури потоа да се претставува како министер за култура. На ова реагираа дел од пратениците кои му забележаа за противречната политика на Сидеров, кој само неколку минути претходно побара толерантност кон оние што се декларираат како Бугари во Македонија.

Поврзана содржина