1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Декларација за енергетиката на Балканот

Регионалната соработка е предуслов за долгорочна енергетска стабилност на земјите од Југоисточна Европа,оценија денеска претседателите на државите од регионот во Охрид.Тие на еднодневниот самит усвоија декларација за заедничката енергетска политика.

Средбата во Охрид се случува во време кога експертите предупредуваат од дефицит на пазарот со енергија од кој зависат земјите во Југоисточна Европа. Домаќин на Самитот е македонскиот претседател Бранко Црвенковски.