1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дедо Мраз непожелен во Сараево

Во етнички поделеното Сараево, луѓето се поделија и кога станува збор за Дедо Мраз - наведува лондонскиот весник „Обзервер“.

default

Внимание! Дедо Мраз на патот!

Според весникот, иако Дедо Мраз во последниве 50 години „редовно им делеше пакетчиња на децата за Нова година“, овој пат тој нема да ги посети муслиманските државни градинки во Сараево.

Дедо Мраз го забрани Арзија Мухматовиќ, директорката на претпријатието за стопанисување со предучилишните установи „Децата на Сараево“, со образложение дека тој „нема никаква улога во бошњачката традиција“.

BdT Weihnachtsmann

Сараевската зимска идила оваа година ќе остане без Дедо Мраз

Според „Обзервер“, многу жители на Сараево сепак не се согласуваат со ваква одлука и ја сметаат за „екстремен израз на политиката на раздвојување по етничка и верска основа“.

Забраната за Дедо Мраз е кулминација на долгогодишните неуспешни напори на исламистичките националисти да го исфрлат од историјата на Босна, откако поранешниот бошњачки лидер Алија Изетбеговиќ своевремено го опиша како „производ на комунизмот“, наведува „Обзервер“.

Ова е веќе втора „забрана“ за Дедо Мраз оваа година. Неодамна, и градот Виена му забрани влез на „добриот дедо“ во градинките, но од сосем друга причина. Прочитајте подолу.

DW.COM