1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Девојчиња во ринг

Ние сме побрзи, посилни и попаменти, велат младите девојчиња кои во Берлин тренираат бокс. Освен што спортот е важен за здравјето, тој за девојчињата претставува и животна школа.

„Го исфрлам целиот гнев врз вреќите со песок, во секој случај, да, го исфрлам целиот гнев“, вели Зеина Насар, која живее во Берлин - Нојкелн. Овде 40 проценти од жителите се мигранти. Семејството на Зеина потекнува од Либан. Таа има 14 години и оди во гимназија. Подоцна сака да стане лекарка. И таа е страстен спортист. По ручекот речиси секој ден оди на тренинг.

„Боксувањето во секој случај те прави многу побрз и попаметен и исто и посилен. На тој начин се станува побрз, затоа што постојано мораш да се движиш, а попаметен - бидејќи цело време мораш да се концентрираш“.

Мајка и’ на почеток не можеше да ја разбере страста за боксувањето на Зеина.

„На пример разбирам фитнес, фудбал, кошарка, но боксување? Невообичаено за едно девојче, а потоа слушнав дека таа е многу задоволна и дека многу се движи. Таа и на училиште е подобра“, подвлекува Рина Насар.

Осумгодишниот Хасан и’ се воодушевува на својата силна, брза сестра. „И што можеш уште да направиш? Тука можеш да го направиш! Еднаш, уште еднаш и потоа со цела сила, со рака! Така!“ вели Зеина.

Нејзиниот помлад брат е единствениот машки партнер за тренинг за Зеина. Во клубот тренира исклучиво со девојчиња. Во понеделниците и средите се среќаваат девојчињата-боксерки. Клубот беше основан во 2005 година. Вкупно 20 девојчиња меѓу 8 и 17 години во моментов се дел од групата.

Тренерот Сара Битерлинг и самата беше боксерка. Оваа воспитувачка одбива да се врши притисок за тренирање за повисоки постигнувања. „Мислам дека девојчињата најдобро знаат што сакаат да понесат од овде, од боксерската хала. Едните радо се ориенираат кон постигнување успех и се подготвуваат за натпревари, додека другите сакаат да боксуваат со други девојчиња во пријатна атмосфера, без притоа оттука да добиваат дополнителен притисок за повисоки постигнувања, туку самите да можат да ги изберат своите цели“.

Boxen - Jugend

Девојчињата тренираат многу, учат до каде им се границите и знаат што сакаат.

„Можеш да бидеш девојче, но во секој случај покрај тоа треба и да спортуваш, бидејќи спортот е многу важен за здравјето. Но, сосема сериозно? Јас исто така радо одам на шопинг“, истакнува Зеина Насар.

Потеклото и религијата овде не играат никаква улога. Добредојдено е секое девојче смета Селина Бонин, која исто така тренира: „Овде научив поголема почит, бидејќи овде можеш да стекнеш поголемо искуство и јас едноставно имам почит кон сите луѓе кои се борат овде.“

Девојчињата чувствуваат дека не се послабиот пол, туку дека имаат сила. Тие учат во рингот да се однесуваат тактички паметно и да го победат стравот. Карактеристики кои ги подготвуваат за животот.

„Мислам дека за девојчињата исто така е посебно тоа што нанадвор мораат да го бранат овој спорт, оти некои се’ уште мислат дека тоа е машки спорт. За нас е нешто посебно, бидејќи сакаме да ги зајакнеме девојчињата и тоа преку различни проекти и исто така добро успеваме и преку боксувањето“, вели тренерот Сара Битерлинг.