1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Девет децении од раѓањето на Блаже Конески

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска се одржа свечен собир по повод 90-годишнината од раѓањето на првиот претседател на оваа институција, Блаже Конески. Пред МАНУ беше откриен и споменик.

default

На свечениот собир во МАНУ соопштени беа и добитниците на медалот „Блаже Конески“

„Блаже Конески претставува средишен столб на македонската културна ренесанса на 20 век. Тој ги положи лингвистичките научни основи на македонскиот книжевен јазик, воздигнувајќи го него во наша единствена татковина“, рече претседателот на МАНУ Георги Страделов во Пофалното слово за Блаже Конески. Тој потенцира дека Конески во македонската литература е од рангот на ретки личности како што се Пушкин, Шевченко, Гете, Његош...

„Во неговите песни се слушаат и одѕвонуваат тешки човечки јанѕи, болни и очајни крикови на човечката осама. Неговите толку едноставни, строги, но и толку содржински богати и комплексни песни, прилегаат на магиски формули во кои се заклучени големите човечки тајни“, рече Старделов.

Според него, Конески претставува книжевна епоха и додаде оти неговото денешно чествување ја изразува свеста за тоа дека во неговото поетско и лингвистичко дело е сублимирана врвната смисла на македонската историска егзистенција.

„Дај боже, барем на секои сто години да ни‘ се раѓа Блаже Конески“

По повод јубилејот, беа соопштени добитниците на највисокото меѓународното признание на МАНУ - медалот „Блаже Конески“ за 2011, кој се доделува на странски автори кои дале придонес во развојот на науката, културата и уметноста на Македонија. Хусто Хорхе Падрон е добитник на наградата за

Georgi Stardelov, Präsident der Mazedonischen Akademie für Wissenschaft und Kunst

Георги Старделов: Конески ги положи лингвистичките научни основи на македонскиот книжевен јазик, воздигнувајќи го него во наша единствена татковина

посебен придонес во афирмирањето на македонската поезија на шпанско јазично подрачје, историчарот проф. д-р Ендрју Росос од Канада за посебен придонес во проучувањето на Македонија и Македонците од антички времиња до денес и академик Душан Хаџи, за посебен придонес во развојот на хемиските науки во Македонија.

Пред главниот влез на МАНУ беше откриен и споменик на Блаже Конески, дело на академик Томе Серафимовски. Академик Јордан Поп-Јорданов пред свеченото откривање на споменикот на Блаже Конески истакна дека тој е една од најзначајните личности во научната и културната сфера во Македонија во 20. век. Тој потсети на пораката на Петре М. Андреевски - „Дај боже, барем на секои сто години да ни‘ се раѓа Блаже Конески“.

Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово, прилепско, а почина на 7 декември 1993 година во Скопје. Тој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и универзитетски професор.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Ж. Ацеска