1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Деветта среќа за Аугсбург

Новакот во Бундеслигата стигна до првата победа во деветтото коло кое се одигра викендов. Бајерн продолжува суверено да гази, а Хамбург конечно се одлепи од самото дно на табелата.

default

Фудбалерите на Аугсбург ја прославуваат првата победа во Бундеслигата

Никој не може да го запре Бајерн Минхен во Бундеслигата. Во саботата „баварците“ извојуваа суверена победа од 4:0 над берлинска Херта. Два гола постигна Марио Гомез кој е на врвот на листата на стрелци со вкупно десет погодоци.

„Денеска одигравме одлично. Во моментов сме на добар пат, и доколку продолжиме со добри игри ќе ја освоиме титулата“, изјави Гомез.

Веднаш зад Бајерн, кој нанижа 22 поени, на табелата е екипата на Борусија Менхенгладбах со пет бода заостанување. Во рајнскиот дуел Борусија (М) одигра нерешено 2:2 против Бајер Леверкузен.

„Денеска пруживме добра тимска партија. Заслуживме и победа, но таков е фудбалот. Мораме да продолжиме на овој начин. Во секој случај покажавме дека сме добар тим, и доколку играме вака и натаму ќе победиме на уште многу мечеви“, изјави напаѓачот на Борусија (М), Марко Ројс.


Дортмунд се враќа во форма

На третото место е бранителот на титулата Борусија Дортмунд, која во петокот го совлада Вердер нагости со 2:0. Ист број бодови, 16, како и Вердер и Штутгарт. Во соседскиот дуел, Штутгарт беше подобар од Хофенхајм со 2:0.

Fußball Bundesliga Bayern München - Hertha BSC Berlin

Фудбалерите на Бајерн Минхен

„На крајот победи тимот кој беше поорганизиран, а ние одигравме многу концентрирано во одбраната. Добро го запревме нападот на Хофенхајм, а ние одигравме квалитетно и ги реализиравме нашите шанси“, рече Мартин Харник од Штутгарт.

Новакот во лигата, Аугсбург ја забележа првата победа сезонава и воопшто во Бундеслигата. Пенал-ударот на Калсен Бракер беше доволен за победа од 1:0 на гостувањето кај Мајнц.

„Ние бевме единствениот тим во лигата без победа. Пред две недели доживеавме тежок пораз во Дортмунд. Тогаш одлучивме дека единственото што ни преостанува е да се бориме и тоа и го сторивме денеска“, изјави голманот на Аугсбург, Симон Јенч.

Уште еден чекор подалеку од кризата направи и Волфсбург кој го порази Нирнберг со 2:1. Според Ашкан Дежага од Волфсбург, тимот одиграл две различни полувремиња.

„Во првото полувреме игравме одлично, но правевме ситни грешки кои му овозможуваа на противникот да остане во игра. Во вториот дел бевме хаотични, но имавме среќа и ги освоивме трите бода“, изјави Дежага.

Големо изненадување во Гелзенкирхен

За големото изненадување на колото се погрижи тимот на Кајзерслаутерн кој нагости го совлада Шалке со 2:1. Освен изненадувачката победа, мечот го одбележаа и два црвени картони, по еден за двата тима.

1. Fußball Bundesliga 1. FC Köln gegen Hannover 96

Лукас Подолски (Келн) го прославува голот против Хановер

Неизвесно беше и во Фрајбург, каде Хамбургер дојде до втората победа сезонава и се одлепи од дното на табелата. Фрајбург промаши безброј шанси, а на крајот и пенал, но тоа не ја намали радоста на гостите.

„Фрајбург можеби беше подобар противник и имаше чисти шанси. Но моите играчи веруваа во победата, а голманот Дробни имаше одличен ден“, рече привремениот тренер на Хамбургер, Франк Арнесен.

Веќе денеска, на тренерската клупа на големиот клуб од Хамбург ќе седне Торстен Финк.

Во неделата и тимот на Келн им приреди голема радост на своите навивачи по триумфот од 2:0 над Хановер. Двоен стрелец за третата победа во последните 4 меча, беше Лукас Подолски.

Автор: Арнулф Бечер/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска