1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Девето коло на Бундеслигата

Футбалерите на Волфсбург слават

Футбалерите на Волфсбург слават

Во деветото коло на Бундеслигата Фрајбург на домашен терен ја прекина гордата серија на Штутгарт и во дуелот меѓу двајцата ривали од југот на земјата однесе победа од 2 спрема 0. Ова е прв пораз на Штутгарт во оваа сезона и сега мора да се задоволи со второто место и 20 бода.

Во вториот неделен натпревар Шалке 04 ја прекина пак успешната серија натпревари на новајлијата во првата лига Мајнц 05 со победата, исто на домашен терен, од 2 спрема 1. При тоа победничкиот гол го постигна Бразилецот Аилтон, што е и негов прв гол во оваа сезона:

“Па знаеш, Аилтон се враќа и тоа сосема опуштено. Мора да се движни нагоре зааедно со Шалке 04“ - изајави по натпреварот очиегледно добро расположениот стрелец, кому ваквиот успех му беше преку потребен за да се извлече од подсмевот дека ја загубил формата.

“Секако, оној кој го познава Тони знае многу добро дека нему му се неопходни токму вакви доживувања на успех. Драго ми е за него што денеска постигна гол, но уште поважно е за целата екипа што токму тој денеска го постигна победничкиот гол на натпреварот“ - нагласи тренерот на Шалке Ралф Рангник. Со вчерашната победа Шалке повторно фати приклучок кон водечката група тимови на табелата, освојувајќи го петтото место.

По викендот на водечката позиција со 21 бода се најде Волфсбург, кој дома го порази Бохум, кој пак е на самото дно, на претпоследното место на табелата со само 7 освоени бода. Победата на Волфсбург беше заслужена и убедлива со 3 спрема 0.

“Она што го пружија моите играчи во првото полувреме, сакам да нагласам дека како тренер, дека сум многу задоволен. Топката се движеше меѓу нашите играчи многу брзо, речиси соврешено“ - не го криеше одушевувањето тренерот на Волфсбург Ерик Геретс. А напаѓачот Томас Брдариќ додаде:

“Не сакаме да паднеме во голема еуфорија сега. Денеска одигравме добро во првото полувреме, но не и во сите 90 минути. Наша цел е да играме исто така добро во целиот ртек на натпреварот!“

Во преостанатите натпревари од 9 коло беа постигнати следните резултати:

Вердер Бремен го порази Нирнберг на домашен терен со 2 спрема 0 и се искачи на четвртото место. Бајерн Минхен го победи Ханза Росток на гости со 2 спрема 0 и сигурно седи на третото место. Хановер победи исто така на гости против Борусија Менхенгладбах со истиот резултат од 2 спрема 0. Арминија Билефелд извојува победа над Херта Берлин со 1 спрема 0. Борусија Дортмунд загуби од Хамбург со 0 спрема 2 и последниот на табелата Кајзерслаутерн одигра нерешено дома со претходно водечкиот Штутгарт 0 спрема 0.

На викендот возачите на формула 1 ја извозија и последната трка во оваа сезона. Во големата трка на Бразил, победи Колумбиецот Хуан Пабло Монтоја од тимот на Влијамс. На второто место се пласираше Кими Реиконен од Мекларен Мерцедес, а на третото место стигна Рубенс Барикело од Ферари. Победникот во вкупен пласман и освојувач на дури седмата титула по ред, Михаел Шумахер се пласираше на 7-мото место, што е исто своевиден успех со оглед на дефектот на неговиот болид. Победникот меѓу конструкторите исто така се знаеше од напред, тоа е тимот на Шумахер и Барикело, Ферари.