1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Девети ден од израелската ација во Либан

Израелската авијација продолжи да гаѓа цели во Либан и утринава додека , израелските војници водеа битки со герилците на Хезболах по должина на израелско либанската граница .

default

Вчерашниот ден беше најсмртоносен во деветдневната израелска воена кампања во Либан . Загинаа дури 63 цивили .

Десетици израелски авиони во текот на ноќта исфрлија дури 23 тони експлозив врз една зграда во либанскиот главен град Бејрут , каде што израелската армија се сомнева дека биле засолнет високи претставници на Хезболах . Израелската армија соопшти дека во бомбардирањето бил уништен подземен бункер на Хезболах. Герилската група , меѓутоа демантираше дека некој од нејзините лидери или членови загинале за време на нападот . Израелската армија во меѓувреме соопшти дека нејзините војници утринава воделе битки со припадници на Хезболах на две места по должина на границата . За време на вчерашните судири на границата загинал еден борец на Хезболах и двајца израелски војници.

Милитантото шиитско движење истотака продолжи со ракетирање на израелските села и градови во северниот дел на земјата . Три лица загибнаа во еден таков напад врз градот Назарат , а ракетите на хезболах погодија цели и во пристанишниот град Хаифа .

Дветс страни не покажуваат сигнали дека засега би можеле да ги придатат повиците на меѓународната заедница за примирје.

Вчера таква порака во директни разговори со израелското раководство во Ерусалим упати и специјалниот пратеник на ЕУ Хавиер Солана . Израел меѓутоа нема намера да стави крај на акциите , пред да бидат ослободени двајцата израелски војници кои беа грабнати пред 9 дена , инцидент кој беше повод за актуелната криза на Блискиот Исток . Солана во Ерусалим сепак го упати следниов апел :

„Сите што можат да влијаат проблемот да биде решемн , мораат веднаш да го сторат тоа . Сега . Секој ден е важен. И затоа ги молам сите луѓе што имаатѕ влијание , да го искористат“ – порача Солана , кој во меѓувреме во интервбју за БиБиСи изрази надеж дека конфликтот во Либан ќе заврши наредната недела.