1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Деблокирана работата на Комитетот за односи меѓу заедниците

По неодржувањето на неколку седници на Комитетот за односи меѓу заедниците поради немање кворум, денеска (19.03.10) работата на ова тело беше деблокирана.

default

Пред усвојувањето на дневниот ред на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците, Бесим Догани од Нова демократија од претседателот на Комитетот побара на дневен ред да ги стави следните теми: задолжителен македонски јазик за учениците Албанци, двојна педагошка евиденција, патните исправи каде Албанците се заведени како Македонци и проектот „Скопје 2014“. „Овие теми ги заборавивте. Како да има некој таен договор“, посочи Догани.

Претседателот на Комитетот Џеват Адеми рече дека не постоел никаков таен договор и дека тој јавно презел обврска да не се заборават претходните седници. Иван Стоиљковиќ претставник на српското малцинство и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) во Комитетот рече дека неодржувањето на седниците во претходните наврати е показател дека нешто не е во ред со темите кои што беа на дневен ред. „Претставниците на помалите етнички заедници не се прашани затемите. Немаме никаква координација. Имам право да потегнам прашање од интерес на мојата заедница,“ истакна Стоиљковиќ.

Адеми на тоа одговори дека од сите членови на Комитетот биле побарани идеи за теми, но само ромската заедница имала доставено.

Народниот правобранител Иџет Мемети по расправата за дневниот ред и усвојувањето на точката образложи дека 40 отсто од институциите немаат доставено извештај за правичната застапеност и недискриминацијата и упати апел да ги достават што поскоро. Според Мемети системот на воспоставувањето на овие две уставни вредности има слабости и дека истиот треба да се надградува. „Принципот во Република Македонија наместо да се применува во сите институции во државата, тој се применува само во државната администрација, односно не се применува во јавната администрација“, посочи Мемети.

Автор: АТ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски