1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Деблокада - кога?

Стотина цистерни со нафта од ОКТА за Косово осми ден стојат блокирани на граничниот премин Блаце.

default

Официјално Скопје побара одговор од Приштина за причините за запирање на увозот на нафта од Македонија. Шпреса Јусуфи од Министерството за надворешни работи објаснува дека македонските дипломати на Косово вчера се обиделе да го деблокираат македонскиот извоз: „Она што косовските власти сега ни го кажуваат е дека нафтата има, но дека бензинот бил со послаб квалитет. „

Нафтата од Скопската рафинерија ОКТА е запрена поради лош квалитет, објаснувале вчера властите во Приштина. Косово вовело нови стандарди за квалитет. Царинските рампи биле спуштени оти дериватите содржеле сулфур повеќе од дозволеното. ОКТА е главен снабдувач со нафта на косовскиот пазар. Станува збор за извоз вреден околу 200 милиони евра годишно. Македонија во трговската размена со Косово има суфицит, а на нафтата отпаѓа значителен дел од вкупниот извоз. Тоа го објаснува и владиниот ангажман во трговската блокада и напорите да се ослободи извозот. Истовремено со македонските дипломати, во иста мисија на Косово заминаа и бизнисмените. Стопанската комора на Македонија испрати делегација на преговори во Приштина. Извршниот директор на комората, Бранко Азески, за Дојче Веле открива што побарале македонските бизнисмени од косовската влада: “Забраната е поради воведување нови стандарди – ЕУРО 4, кои што според наши сознанија на Балканот, освен мали количества во Грција, практично и не можат да се обезбедат во овој момент. Токму заради тоа нашето барање беше за транзиционо одлагање. По преговорите косовските претставници бараа тајминг до утрешниот ден кога официјално ќе го соопштат својот став во однос на барањето.

Грчките соптвеници на „ОКТА“ пред осум години ја купија рафинеријата со намера од неа да направат регионален дистрибутер на нафта. Дури планираа изградба на нафтовод, преку кој ќе пренесуваат готови бензини од Македонија на Косово, но не ја реализираа идејата. Ако Косово опстои на блокадата тоа ќе биде сериозен удар за рафинеријата, но и за македонскиот извоз.