1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дебата: Пет години по Охридскиот договор

Пет години по Охридскиот договор, ова е темата на дебата која во Скопје ја организира герамнската фондација Конрад Аденауер.

Логото на фондацијата Конрад Аденауер

Логото на фондацијата Конрад Аденауер

Пет години од Рамковниот договор, денови потоа. Ефектите од преуредувањето на македонската мултиетничка заедница и натаму се атрактивна тема за домашната јавност но и за дипломатите чии држави го гарантираат мировниот процес. Германската фондација Конрад Аденауер во Скопје синоќа и денеска ја собираат политичката елита, невладиниот сектор, градоначалници што најпрво го ислушаа претседателот на Македонија Бранко Црвенковски

„Меѓутоа разликата меѓу 2001 и 2006 е во тоа што во изминативе години нејголемиот дел од нашите граѓани имаа можност самите да се уверат дека Рамковниот договор ниту содржеше потенцијал ниту имаше за цел да ја подели Македонија, туку напротив со него беше потврдена унитарноста на државата и беа создадени уставни и законски претпоставки засилување на чувството на еднаквост на етничките заедници кои не се во мнозинство.“

Рамковниот договор е моментално најголемиот капитал што Македонија го поседува, рече шефот на државата. Тој изрази увереност дека неговата реализација ќе зависи од двете најголеми етнички заедници со традиција на дијалог и почитување на различностите.

Претседателот Црвенковски по кусото обраќање веднаш замина оставајќи ги амбасадорите гаранти на Рамковниот договор, сами на централната маса за вечера. Од нив во улога на домаќин се најде германскиот амбасадор во Македонија Ралф Андреас Брет

„Територијалниот интегритет на Македонија е сочуван, почна процесот на правична застапеност на Албанците во јавниот сектор. Една година се одвива децентрализацијата. Безбедноста е стабилизирана, примнената на албанскиот јазик сеуште контроверзна. По оваа систематизација на вредности во Македонија по Рамковниот договор, германскиот амбасадор Андреас Брет сепак побара целокупната јавност да го прифати овој документ како реална потреба на граѓаните да живат во мултиетничка заедница. Во барањето симболика на спој на различностите, организаторот фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, и нејзиниот шеф Улрих Клепман не случајно го избра модерниот хотел сместен на самиот влез на Старата чаршија во Скопје. Ова некогашно култно место испреплетено со историја, традиција, религиски и културни различности, пет години по Рамковниот договор сеуште навечер е темно и нефреквентно за една европска метропола.