1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дебата за предвремени избори во Македонија

Демократската унија за интеграција поднесе иницијатива во Собранието на Македoнија за самораспуштање и распишување нови избори. Дебататa за предвремени избори се повеќе се разгорува.

default

Македонското собрание

ДУИ го официјализираше предлогот за само распуштање на парламентот како уставен услов за вонредни избори. Иницијативата е потпишана само од 16 те пратеници на Интегративците, што не е доволно Собранието веднаш да заседава.

Предлогот за самораспуштање на Парламентот, шефот на ДУИ Али Ахмети, вчера попладне му го соопштил на премиерот Никола Груевски. Партискиот врв на владејачката ВМРО ДПМНЕ вечерва треба сериозно да ја разгледа опцијата за вонредни избори, што шефот на партијата и премиер Никола Груевски ја форсираше пред самитот во Букурешт.

ДПА сеуште не се изјаснува. Шефот на партијата Мендух Тачи попатно, кажа дека од неговите гласови ќе зависи дали ќе се органзиираат предвреемни избори во Македонија.

Третиот колаиционен партнер во владата, НСДП е против политичките турбуленции во време на преговорите со Грција и конечно заокружување на процесот на членство во НАТО.

Реагираше и Андреј Жерновски од опозициската либерално - демократска партија, според кого ЛДП беше првата партија во Собранието којашто најави дека има договор меѓу Груевки и Ахмети за вонредни избори. Во моментов тие се единствените лидери во Македонија што сакаат вонреди избори, смета Жерновски

На најавите за можна коалиција Груевски - Ахмети за предвремени избори, врвот на СДСМ заседаваше синоќа. Шефот на Социјалдемократите Радмила Шеќеринска денеска побара итна седница на парламентот на којашто премиерот Никола Груевски ќе соопшти дали ќе ги продолжи преговорите со Грција и доколу тоа не е негов приоритет СДСМ би барал формирање техничка експертска влада во земјата.