1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дебата за зaконот за полиција

Во македонскиот парламент, денеска на пленарна расправа, е законот на полиција. Опозицијата најави повлекување на поддршката за законот.

Собрание

Собрание

Владата на Македонија подготвува неколку амандмани на законот за полиција и законот за прислушување што ќе ги открие на денешната пленарна седница на парламентот кога започнува и дефинитивното усвојување на овие системски закони. На тоа инсистира и Европската унија.

Критика на законот од страна на опозицијата

Иако се под превез на тајност и изненадување, опозицијата ги критикува можните измени со мешање на етничките компоненти при назначувањето на шефовите на осумте регионалните полицииски станици и формирање на деветта полициска станица во Струга. Поради ова опозициската коалиција СДСМ и ЛДП ја повлече политичката поддршка на законот за полиција, еден од последните предвидени со Рамковниот договор но и од приоритетните системски, барани од ЕУ „ Да можевме да правиме компромис наместо во Струга секторот да биде во Кичево досега ќе имавме закон за полиција но тоа веќе не е стандард тоа е веќе додврување на некој од коплаиционите парнери. СДСМ тоа не го направи“ рече лидерот на Социјалдемократите Владо Бучковски кој претходно како премиер не успеа со парнерот ДУИ да го донесе законскиот проект за полиција.

Најостри критики од редовите на ДУИ

Со писмено повлекување на поддршката на овој проект се огласи и ЛДП. Најостри критики за концептот на новата полициска надлежност, организиација и кадровски промени доаѓаат од ДУИ која инсистира законот за полиција да се донесе според Бадентеровото мнозинство. „Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за помалку од еден месец владеење, на неколку наврати ги газеше процедурите како владини така и парламентарни.“ реагираше генералниот секретар на ДУИ Џевад Адеми.

Интегративците који се вратија во парламентот ги заоструваат вербалните закани за можна политичка дестабилизиација на Македонија ако се усвои предложениот закон за полииција кој не ја доби поддршката на интегративците и кога тие беа во владата.

Разговори за приближување на ставовите

Утринава започнува и дијалогот меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која денеска ќе го брани законот за полиција и потпретседателот на ДУИ Муса Џафери, но во хотелот Стоун бриџ во Скопје. Опозицијата ќе го опструира и законот за прислушување како важен метод во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тоа беше повод спикерот Љубиша Георгиевски директно да го предупреди СДСМ „На оваа држава и треба силна опозиција. Ако продолжите така да работите опозицијата ќе се сведе на 0,3 рејтинг, сега е 0,7. “

Не е исклучено во смирувањето на страстите и приближувањето на опонентските политички ставови утринава телфонски да се вклучи амбасадорот на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ која најверојано ќе разговара со претставниците на партиите Мендух Тачи, Никола Груевски, Владо Бучковски и Али Ахмети.