1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дебата за законот за полиција

Во македонскотот собрание блокада на парламентарната дебата за законот за полиција. Дипломатите бараат законот да се усвои со широк политички консензус.

Жестока дебата во собранието

Жестока дебата во собранието

Блокада, тропање, врева и опсада пред спикерското место и парламентарната говорница. Пратениците на ДУИ неуморно тропаа со уставот, книгата на деловникот, клучеви, мобилни, со рацете, додека првиот парламентарец Љубиша Георгиевски упорно го продолжи собранискиот претрес по законот за полиција. Откако премиерот Никола Груевски, одби лидерски самит кај претседателот на Македонија Бранко Црвенковски, за евентуално повлекување на законот за полиција, и гласање за него според Бадентеровиот метод. ДУИ продолжува со методите на парламентарна опструкција: претпладневни долги паузи, опсада на собраниската говорница поладне

„Кој ќе присуствува и кој како ќе гласа на седницата. Постапката трае, дебатата трае.“ кусо коментира министерката за внатрени работи Горадана Јанкуловска која од владиниот кабинет сама и машки се бори пред налетото на околу 50 тина амандмани пред опозицијата, од кои вчера е усвоен само еден, и очигледните блокади од интегративците.

Странските дипомати бараат законот за полиција да се донесе во парламентот

И покрај обидот на ДУИ да ги инволвира странските дипломати во внатрешните игри во Македонија, тие се повнимателни кон политичкта агресивност на партијата на Ахмети „Законот за полциија треба да се донесе во парламентот, што е можно побрзо со цивилиирна деббата, врз основа на уставот во која ќе учествуват сите политички партии.“ реагираше британскиот амбасадор во Македонија Роберт Диксон.

За најавите на ДУИ дека нема да гласа за него, амбасдорот Диксон изрази надеж дека тој став е само на една партија, но дека во парламентот законот за полиција ќе треба да се усвои со што поширок партиски консензус. Владата на Груевски може да очекува поддршка од опозициската ВМРО Народна, на дел од коалицијата на СДСМ и ЛДП што би било над 80 гласови.