1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дебата за безбедноста

Во македонскиот Парламент се водеше дебата околу безбедносната состојба во земјата. Ставовите на позицијата и опозицијата се спротивставени.

default

Дебата во македонскиот Парламент

Не постојат безбедносни ризици за Македонија, нема вооружени групи на нејзината територија, ниту какви било случувања, кои би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата – овој став го застапуваат Владата на Република Македонија, Советот за национална безбедност и партиите во владејачката коалиција.

Второто дијаметрално спротивставено стојалиште го изнесува опозицијата.

Вчера во македонскиот парламент беше манифестирано ова разногласие, кое ги збунува граѓаните и им оневозможува за здобијат пореална слика. Игор Ивановски од СДСМ, тврдејќи дека МВР не ја контролира целата територија на Македонија, го праша премиерот Никола Груевски - Дали ќе побарате оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, иако очекував дека ова мое прашање ќе биде депласирано, оти очекував таа да си поднесе оставка - рече Ивановски. Груевски одговори експресно - Одговорот е – не! Министерката има уште многу работа да заврши, пред да си замине од таа функција. - рече премиерот

Владината Демократска партија на Албанците преку својот генерален секретар и потпретседател на Владата Имер Алиу преку медиумите на албански јазик порача - Во моментите, решавачки за судбината на Косово, се појавуваат инциденти, се предизвикува криза во селото Таушевци - ДПА се дистанцира од актите на создавање криза и ги осудува како антиалбански и авантуристички акти. ДПА ги уверува граѓаните на Македонија и пошироко дека Владата ја гарантира општествено – политичкта стабилност и безбедноста во целина. – рече генералниот секретар на ДПА Алиу.

Опозиционата Демократска унија за интеграција со сосема поинакви ставови по вчерашната шестчасовна седница на Централното партиско претседателство. Потпретседателката на „интегративците“ Теута Арифи кажа - За Демократската унија за интеграција е повеќе од загрижувачки дека како директен провокатор на сите овие состојби во континуитет се јавува токму органот, кој треба да се грижи за спротивното – Министерството за внатрешни работи, односно неговите структури, кои сакаат дестабилизација на Македонија, токму во овие посебни моменти на дефинирање на конечниот статус на Косово. - рече Арифи

Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи и сегашен претседател на Демократскиот сојуз – партија во Владата на Никола Груевски, како да прозвучува малку дисонантно од владината реторика - После 2001 година сме со едно огромно искуство како држава: знаеме дека со терористите не треба да се преговара, треба да се дејствува. - истакна Трајанов

Потсетуваме уште и на заложбите на претседателот на Република Макеоднијна Бранко Црвенковски, кој, сепак, побара од релевантните институции, како што рече, „да се преземат сите неопходни мерки, граѓаните за да се чувствуваат безбедно и да се почитуваат Уставот и законите на целата територија на Македонија, без никаков исклучок“.