1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

ДВ протестира против попречување на програмата

Радио и телевизиските програми на западните медиуми повторно се попречувани. Интендантот на ДВ Ерик Бетерман протестира против мешање во слободата на медиумите.

Последните пречки на радио и телевизиските програми на повеќе западни медими на Блискиот исток очигледно се целно спроведени. На почетокот на неделата сигнали со пречки од Сирија го попречија емитувањето на програмата, соопшти портпаролката на Еутелсат.

Покрај емисиите на БиБиСи и на Војс оф Америка, од цензурата се погодени и содржините на Дојче веле. Во четвртокот наутро беше попречена програмата на ДВ. Преклопувањата на сигналите кои водат до пречки биле „намерни и временски ограничени“, изјави портпаролката на Еутелсат за агенцијата АФП.

Експерти: зад нападот стои Иран

Според проценки на експертите зад нападите стои Иран. Ова во моментов се проверува.

Erik Bettermann

Ерик Бетерман, интендант на ДВ

Интендантот на ДВ Ерик Бетерман протестираше против новите напади врз слободата на медиумите. Дојче веле заедно со другите медиуми погодени од попречувањето на програмата ќе предложи заедничка резолуција.

Британскиот медиум БиБиСи потврди дека била попречувана програмата на англиски јазик на телевизијата БиБиСи ворлд њус и на арапската програма на медиумот, како и радиопрограмата на БиБиСи на англиски и на арапски јазик. Портпаролка на медиумот соопшти дека се осудува очигледната повреда на меѓународните правила за користење на сателитите, како и обидот да се попречи „слободниот пристап до информациите“.

Хотбирд ги исфрли иранските програми

Раководството во Техеран во изминатите години повеќепати го попречуваше емитувањето на програмите на БиБиСи, Војс оф Америка и ДВ. Според информации на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ нападите се реакција на исклучувањето на преносот на 19 ирански програми преку сателитот Хотбирд. Еутелсат и британското претпријатие Аркива со исклучувањeто реагираа на меѓународните санкции против Иран. Западот имено го сомничи Иран дека под плаштот на цивилната атомска програма развива атомско оружје.

Еутелсат е еден од најголемите сателитски концерни во светот. Француското претпријатие пренесува преку 4.250 телевизиски канали во повеќе од 200 милиони домаќинства во Европа на Блискиот Исток и во Африка.