1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ДВ презентира дигитален приемник за кратки бранови

ИФА, Меѓународниот радио-ТВ саем во Берлин е еден од најзначјаните во светот за електроника за забава. Големите производители таму ги излагаат новите телевизори, дигитални камери или мобилни телефони.

Дојче веле рамноправен учесник на ИФА

Дојче веле рамноправен учесник на ИФА

Во последните години ИФА се бореше со малиот број излагачи, но годинава се чини трендот е нагорен, барем така вели шефот на саемот Кристијан Геке:

“Излагачите повторно платија повеќе пари и инвестираат за својот настап“.

За да дојдат повеќе посетители, саемот е поделен во шест подрачја: на пример “телевизија и домашно кино“ или “филм и фото“:

“Ова концепција е едноставна и затоа прифатлива за сите. За посетителите, излагачите и медиумите. Затоа ќе ја задржиме“.

Меѓутоа, повторниот интерес за ИФА не е само во неговата прегледност. Многу повеќе затоа што на електрониката за забава повторно и оди добро. Во последната година прометот во Германија порасна за 3 насто, односно на 19 милијарди евра. Ханс Јоахим Камп, шеф на Филипс во Германија вели дека причина за тоа се големиот број нови производи:

“Ако ни супее да ги унапредиме иновациите, тогаш во оваа година е можен поголем пораст од 2004“.

Но, има и критички тонови. Според Рајнер Хекер од друштвото за забавна и комуникациска електроника, Германија го преспа трендот на новата телевизиска техника ХДТВ која нуди појасна слика и затоа е производ на иднината. За него ИФА дури сега го прави првиот чекор кон новата телевизија, следуваат нови:

“Во наредната година е светското фудбалско првенство во Германија и сите натпревари ќе бидат пренесувани со таа техника, па можат и така да бидат примани. Според тоа, големиот пробив ќе биде подготвен во оваа за да биде реализиран во идната година“.

Со еден збор на ИФА годинава во фокусот е телевизијата. Пред се ќе бидат прикажани новите екрани, а потоа и мобилна телевизија: за во автомобил или во воз, седено. Секако и радиото игра една од централните улоги при што Дојче веле е меѓу првите. На сопствен штанд ќе информира за својата програма, а посетителите ќе можат да се запознаат со новиот приемник за кратки бранови. Тоа е нова техника што овозможува прием на овие бранови без познатите шумови. Во оваа техника Дојче веле е еден од предводниците.