ДВ на македонски јазик во 2012 | Програма | DW | 20.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Програма

ДВ на македонски јазик во 2012

Радио програмата останува, иако во намален обем, засилена видео-продукција и интернет понуда - од 6. февруари и со нов изглед.

Процесот на реформи, со кои ДВ ги следи промените во медиумската сфера, за програмата на македонски јазик значи постепено, иако засега не и целосно напуштање на радиото како медиум, пренасочување кон видео- и телевизиски формати, и интернет како носечки столб во нашата стратегија.

Во радио-програмата го нудиме Утринскиот магазин, од понеделник до петок во терминот 08.30-08.45 часот, преку Првиот програмски сервис на Македонското радио. Во него информираме за најзначајните актуелни настани, ги најавуваме темите на денот, ја анализираме заднината на случувањата. Редовно имаме и теми од Македонија.

Пет пати дневно, од понеделник до петок, емитуваме и вести од по 3 минути (07.30, 09.30, 11.30, 13.30 и 15.30 часот) преку Радио Канал 77.

Радио програмите на ДВ ги преземаат и повеќе локални радио станици - наши партнери во Македонија, а се емитуваат и преку сателит.

Се е подготовено за старт на Европанорамата, неделен телевизиски магазин со прилози од општествениот живот во Европа и соседството на Македонија. Него ќе го емитуваме кај нас на интернет, како и преку телевизиски партнер во Македонија.

Во промените од аудио кон видео медиуми, интернетот останува константа во понудата на Македонската редакција на ДВ. Но, годинава тој е со сосем нов, модерен лик. Ново е и логото на ДВ, како и интернет-адресата. Сега сме уште полесно достапни: www.dw.de/macedonian

Ни останува целта што си ја зададовме - секогаш да бидете добро и објективно информирани.