1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Двојното државјанство повторно го бранува политички Берлин

Три германски покраини предводени од СПД и партијата на Зелените предлагаат промени во законот за државјанство. Конзервативната партија на канцеларката Меркел ЦДУ и сестринската ЦСУ се против двојното државјанство.

Иницијативата од трите германски покраини Рајнланд-Пфалц, Баден-Виртемберг и Шлезвиг-Холштајн, каде на власт се социјалдемократите и партијата на Зелените, за либерално регулирање на двојото државјанство наидува на голем отпор во партиите на Унијата. „Јас очекувам од СПД, да остане верна на коалицијата и да го спроведеме она што заеднички го договоривме“, изјави експертот за внатрешна политика Волфганг Бозбах. Тој нагласи дека додека ЦДУ целосно сака да го одбегне двојното државјанство, СПД сака целосно да го воведе.

По долги преговори во коалициониот договор беше постигната согласност, двојното државјанство да биде можно за сите, „каде што можеме да сметаме дека постои успешна интеграција во Германија“. Критериумите за тоа мораат да бидат престој во Германија како и редовна посета на училиште. И двете работи можат лесно да се докажат. Заменик претседателот на ЦДУ Томас Штробл смета дека ова е „јасно кршење на договорот“ и го повика раководството на социјалдемократите, да ги одвратат своите сопартијци на покраинско ниво од ваквата иницијатива. „Господин Габриел мора да го стопира тоа“, изјави Штробл за „Рајнише пост“.

Исто така и ЦСУ ги предупреди СПД од кршење на коалициониот договор. Оваа партија смета дека сојузот е разнишан во неговите темели: „Со отстапувања од договорот не се постигнува нова доверба“, изјави генералниот секретар на ЦСУ Андреас Шојер. Тој го повика шефот на СПД Зигмар Гарбрел да појасни:„ Што е сега валидно? Вашиот потпис на коалициониот договор или триковите на Вашите премиери од СПД преку задна врата за двојното државјанство?“

Раководството на СПД се придржува до коалициониот договор

Премиерот на покраината Шлезвиг-Холштајн меѓутоа ја бранеше иницијативата. Неговата покраина заедно со Рајнланд-Пфалц и Баден-Виртемберг се залагаат за нов и модерен закон за државјанство, рече тој за „Рајнише пост“. Интеграцијата на странските граѓани имала „висок приоритет“. „Немало разумна причина, да се задржи т.н. опционално регулирање и да може да се отстапува само со бирократски правила по исклучок“.

Yasmin Fahimi

Јасмин Фахими

Меѓутоа за разлика од трите покраини, каде на власт се СПД и Зелените, раководството на Социјадемократската партија се изјасни против реформа на правилата за двојно државјанство, кои отстапувата од коалициониот договор.

„Правилата кои се договорени со Унијата се важен патоказ за интеграционата политика“, изјави генералната секретарка Јасмин Фахими. „Основа за тоа на сојузно ниво е коалициониот договор“.

Партиите на Унијата ЦДУ, ЦСУ и СПД во коалициониот договор постигнаа согласност, децата на доселениците да можат да стекнат двојно државјанство, доколку се родени во Германија и се израснати овде. Од 18. до 23. година од животот мораат да се одлучат меѓу државјанството на родителите и германското.

Трите покраини сакаат целосно да ја укината обврската за опција и за тоа поднесоа предлог закон до Бундесратот. Овој предлог закон предвидува сите деца родени во Германија кои имаат родители странци да смеат да поседуваат два пасоша, иако израснале во странаство.