1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двојни жртви-жени во кризните региони

Меѓународната организација Лекари без граници во кризните региони нуди различни здравствени програми специјално за злоставувани жени. Сепак третирањето на жртви на сексуално насилство не е лесна задача.

default

Во 1971 г. во Париз е формирана хуманитарната организација Лекари без граници. Денес таа прерасна во мрежа од организации, чии вработени се активни во повеќето кризни региони во светот, и пружаат хуманитарна помош. Поради тоа што во повеќе конфликтни региони пред се‘ жените се жртви на сексуално насилство, меѓународната организација од пред четири години нуди програми наменети за сексуално злоупотребуваните жени. Организацијата Лекари без граници во просек згрижува околу 12000 такви случаи во целиот свет. Во меѓувреме Обединетите нации го декларираа сексуалното насилство за време на вооружени конфликти како „злосторство против човештвото“.

Идеја за помош на жените

Kongo - Vergewaltigungsopfer in Südkivu

Со години одговорните од оваа организација мислеле дека не можат да понудат специјална медицинска нега за жртвите на сексуално насилство во кризните региони. Во 1990-те години со случајот на масовни сексуални злоупотреби во конфликтот во бивша Југославија, стана јасно дека се употребуваат како воена стратегија. Истата стратегија беше применета во Руанда кон средината на 90-те години.

Франсоа Буше-Солние, раководителка на правното оделение во седиштето на Лекари без граници во Париз истакна: „Многу жени во Руанда се инфицирани со ХИВ-вирусот. Помисливме дека всушност можеме да понудиме медицинска помош, за да го спречиме ширењето на ХИВ. Оттогаш сфативме дека имаме средства за да понудиме медицинско згрижување за силувани жени.“

Поостри мерки како дел од решението

Ако силуваните жени побараат помош во рок од 72 часа по силувањето, со медикаменти може да се спречи заразата со ХИВ-вирусот како и несакана бременост.

Mädchen weint nach der Akt der Genitalverstümmelung

Конкретни понуди ги поттикнаа жртвите на сексуално насилство да бараат совет: „Голем проблем е да им обезбедиме засолниште на жените, оти биле жртви на насилство и се срамат. Жртвите ризикуваат ако го кажат името на напаѓачот, кој може да им се одмазди. Ако не им понудиме засолниште на жртвите нема да сакаат да дојдат.“

На здравствените потврди никаде не стои зборот силување, поради заштита на жртвата и медицинскиот персонал. Минатата година здружението лекуваше 15 185 жртви на сексуално насилство ширум светот. Најмногубројни се жртвите во Демократската република Конго со 53 проценти од вкупниот број случаи.

Франсоа Буше-Солние од искуство знае дека е тешко да се повлече граница помеѓу силувања во подрачја на вооружени конфликти и во цивилизираното општество. Силувачите во Конго кои се во униформа не се казнувани, па затоа е голем бројот на таквите случаи. Буше-Солние бара поостри мерки за да се спречи моралната пропаст на општеството.

Автор: Сузане Краузе / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска