1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двојни аршини против корупцијата во Кина

Во борбата против корупцијата кинеското раководство им најави борба на сите, и на оние со висок ранг. Но, транспарентност на раководството е табу тема. Затоа борецот за граѓански права Шу Џијонг од денеска е пред суд.

Шу Џијонг со години е трн во око на властите поради неговиот ангажман за граѓанските права. Сега неговата кампања за јавно објавување на имотната состојба на функционерите го доведе во директен конфликт со Комунистичката партија. 40- годишниот Џијонг беше уапсен изминатото лето, меѓу другото и поради тоа што активистите во Пекинг повеќепати упатиле барања до сите службеници и функционери да ги обелоденат своите приходи и имотна состојба. Протестите траеа најчесто само неколку минути.

Шу Џијонг воопшто не беше присутен на протестите. Но, властите го обвинуваат дека ги планирал акциите. Обвинувањето гласи: „Организирање на група луѓе за попречување на јавниот ред“. Тужба која е целосно неприфатлива, вели адвокатот на Шу: „Токму објавувањето на имотната состојба и борбата против корупцијата соодветствуаат со целите на партијата“, вели Џанг Квингфанг.

Имотот на владејачката елита е табу тема

Меѓутоа Комунистичката партија, која најави дека борбата против корупцијата и непотизмот има приоритет, не дозволува граѓаните самите да бидат активни. Токму богатството на водечката елита и нивните семејства се табу тема. За тоа можат да информираат само странските медиуми - како што сега е на пример меѓународниот истражувачки проект „Офшор ликс“. Претходно слични материјални објавија „Њујорк Тајмс“ и „Блумберг“ - нивните интернет страници оттогаш се блокирани во Кина.

Исто така и Шу Џијонг знаеше дека живее опасно. Тој бил подготвен да ја плати цената за слободата и социјалната праведност, рече Шу, кога беше уапсен. Видеото со неговата изјава беше сниемно со камера на мобилен телефон и беше проширено преку интернет - поради строгата цензура само вон Кина. На Шу Џијонг му се закануваат до пет години затвор.

Упасени вкупно 16 активисти

И не само нему: покрај овој правен експерт оваа недела се отвораат процеси против цела редица негови соборци. Властите уапсија вкупно 16 активисти од „Движењето на нови граѓани“. Групите за човекови права се вознемирени и говорат за лицемерство. Тоа не е делотворна борба против непотизмот и збогатувањето, критикува борецот за граѓански права Џанг Чишанг: „Корупцијата е институционална и во системот. Кој е корумпиран? Луѓето кои имаат власт. Зошто? Бидејќи никој не ги контролира ефективно. Власт без контрола води до корупција. Тоа е железен закон“.

Меѓутоа Комунистичката партија на Кина гледа поинаку на тоа: Кој мора да ја обелодени својата имотна состојба во рамките на кампањата за антикорупција, за тоа сѐ уште одлучува врвот на партијата.