1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двојна церемонија за вториот мандат

Американскиот претседател Барак Обама влегува во вториот мандат и ќе положи заклетва два пати - денеска (20.01) на приватна церемонија во Белата куќа, а утре јавно, на скалите на Капитол.

Американскиот претседател Барак Обама е добро расположен викендов. Непосредно пред денешното полагање заклетва во Белата куќа и утре во 18 часот по средноевропско време на голема церемонија пред Капитол, републиканците му дадоа мал подарок на претседателот - политичките противници на Обама соопштија дека не сакаат да ја изложат државата на опасноста од државен банкрот. Во секој случај, не сакаат тоа да се случи во првите три месеци по инаугурацијата на Обама.

Наспроти нивните првични намери, републиканците велат дека се подготвени да се согласат со подигање на границата на задолжување, барем во првите сто дена од вториот мандат на Обама и сакаат да и‘ дадат дозвола на владата за земање нови кредити.

Американскиот претседател може кусо да здивне и не мора веднаш на почетокт на вториот мандат да затвора владини институции и национали паркови и на светот да му соопшти дека САД, за жал, не можат да си ги платат сметките.

Новиот стил на Обама

Непосредно пред полагањето заклетва, Обама нагласи дека нема да дискутира со своите политички противници околу неопходноста од нови кредити и нема да дозволи да стане нивен политички заложник. Ваквиот нов стил на Обама, решителноста и јасните најави, се чини има дејство и веројатно ќе му даде печат и на неговиот инаугуративен говор.

USA Kapitol in Washington

Пред Капитол во Вашингтон се очекуваат десетици илјади луѓе

Во своето неделно радио и интернет обраќање Обама нагласи дека ќе стори се‘ за да биде спроведен каталогот со мерки за заострување на законите за оружје и стави јасно до знаење дека од политичкиот ангажман на Американците зависи дали ќе биде прекината политиката на блокада на републиканците, сеедно за која тема станува збор - оружје, државно задолжување или закони за доселување.

Но, викендов политиката прави пауза во Вашингтон. Четиридневниот инаугуративен спектакл почна уште вчера. Претседателот ги покани сите граѓани од земјата да се пријават на доброволна работа во своите општини за, на пример, да помогнат при делењето храна за милиони бездомници. Под покровителство на ќерката на Хулари и Бил Клинтон, Челзи, во владиниот каврт во Вашингтон се пакуваа пакети за американските војници во Авганистан. Вечерта се одржаа и првите балови, меѓу другото со Мишел Обама, нејзините ќерки, и ѕвезди како Кејти Пери. Обама на Американците им посака прекрасен викенд. Десетици илјади граѓани се веќе на пат за Вашингтон, каде утре ќе присуствуваат на полагањето заклетва од страна на Обама.