1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Двојна победа за Ред Бул

Во напрегнат дуел со тимскиот колега Себастијан Фетел ја обезбеди првата победа во оваа сезна на Формула 1. Зад него беа Марк Вебер и Луис Хамилтон.

Горештина, висока влажност на воздухот и мокра патека на почетокот - надворешните услови за трката на Формула 1 во Малезија не беа едноставни, но барем не врнеше. Победник во возбудливата трка во Сепанг е Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата. Ова е 27-ма победа во неговата кариера. „За време на трката не бев сигурен дали ја одбравме вистинската стратегија. Беше тесно, но за среќа успеа!“, рече Фетел по трката.

До целта трикратниот светски шампион дојде за еден час, 38 минути, 56 секунди и 681 стотинка. Второто место му припадна на Марк Вебер од тимот на Ред Бул со четири секунди и две стотинки заостанување, додека трет низ целта мина возачот на Мерцедес Луис Хамилтон со заостанување од 12,1 секунда. Четвртото место го зазеде Нико Розберг од Мерцедес, петти беше Фелипе Маса од Ферари, а зад него следуваше двоецот на Лотус - Роман Грожан и Кими Раиконен.

На светската ранг листа сега води Фетел со 40 бодови, пред Раиконен кој има 31. Трет во борбата за светската титула е Вебер со 26 бода.