1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Двојна круна за Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд по освојувањето на домашното фудбалско првенство победи и во Купот на Германија. Во финалето во Берлин Борусија го декласираше Бајерн Минхен.

Борусија во финалето на националниот куп, пред 75.000 гледачи на Олимпискиот стадион во Берлин, го совлада Бајерн Минхен со 5:2. Хет трик постигна Левандовски (во 45,58 и 81минута), а преостанатите два гола за Борусија ги дадоа Кагава (3 минута) и Хумелс (41минута од пенал). Стрелци за баварците беа Робен (25 минута од пенал) и Рибери (75 минута).

„За навивачите на Борусија Дортмунд ова беше најубавото финале што можеа да го замислат. Одигравме ладнокрвно и постигнавме прекрасни голови. Едноставно не можам со зборови да го опишам чувството“, изјави творецот на силната Борусија, Јирген Клоп. Освојувањето на Купот на Германија воедно ја круниса одличната сезона на тимот на Борусија Дортмунд.

Јуп Хајнкенс не можеше да верува дека неговата екипа, на само една недела пред големото финале во Лигата на шампиони, прими пет голови. „Одбраната беше очајно катастрофална. Сами сме виновни и не заслуживме победа. Но, пред нас е голема цел и се надевам дека до финалето во Лигата на шампиони ќе закрепнеме. Тоа е сосема друг натпревар“, рече Хајнкес.

Баварците и овојпат покажаа дека немаат ефикасно средство потив Борусија. Тимот на Хајнкес имено во пет последователни меча губи од Дортмунд. Легендата на Бајерн Франц Бекенбауер мошне лут по високиот пораз им порача на своите фудбалери, доколку така играат и во финалето во Лигата на шампиони, и во тој меч нема да победат.