1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Двојна игра со невработеноста меѓу младите луѓе

Медиумите јавуваат за застрашувачки бројки на невработени меѓу младите во Грција, Шпанија и други земји. Нивниот број навистина е голем, но во Европа всушност бројот на невработени се брои на два различни начини.

Посебно кога станува збор за младите, значи за лицата од 15 до 24-годишна возраст, може да се случат големи разлики меѓу реалниот број на невработени меѓу младите и статистиката која се чита во медиумите. Да ја земеме, на пример, Грција. Од оваа земја се јавува дека повеќе од половина од младите луѓе не можат да најдат работа, што всушност и не е точно.

Во таа возрасна категорија всушнот големо мнозинство од младите не ни бараат работа, туку се школуваат или, пак, живеат кај родителите. Така е и во Грција. Таму околу еден милион жители спаѓаат во таа возрасна група, но само едвај една третина од нив навистина се наоѓаат на пазарот на работна сила – значи, околку 310.000 луѓе. И кога ќе се објави дека 170.000 млади бараат работа, тогаш од тоа излегува дека невработеноста меѓу младите лица е поголема од 50 проценти.

Причината за таквите различни резултати е во тоа што во секоја од 28-те земји-членки на ЕУ постојат национални статистики, но постојат и бројки кои ги собира Еуростат. Тие резултати е невозможно да се споредуваат, поради различната структрура во поединечните земји и различните дефиниции за невработеност. И додека националните заводи за вработување ги објавуваат бројките според своите критериуми, Евростат ги собира податоците врз основа на темелни испитувања на репрезентативни примероци.

Spanien Protest Demonstration Puerta del Sol Madrid 15-M

Во Германија повеќе им се верува на податоците на Сојузниот завод за вработување, отколку на анкетите на Евростат

Не е исто „дали сакаш работа“ и „дали сакаш да бидеш филмска ѕвезда“

Карл Бренке од Германскиот економски институт од Берлин тврди дека тоа е единствениот начин да се добијат податоци кои би можеле да се споредат помеѓу земјите во Европа.

„Со јавните статистики кои ги создаваат одредени земји-членки тоа не е возможно“, нагласува Бренке.

Но, проблемот е и во тоа што не мора да биде точно дека лицето, кое на анкетарот му вели дека е „невработено“, навистина бара работа. Затоа и стапката на невработеност од нула проценти практично е чиста фикција. Затоа некои економски експерти сметаат дека стапката на невработеност од три проценти, а во некои случаи дури и пет проценти, се смета за состојба на „потполна вработеност“.

И Германија третира некого за невработен дури тогаш кога ќе се јави во заводот за вработување и ќе бара работа. Конкретно во случајот на Германија, статистиката е всушност прилично слична на онаа добиена по пат на испитување и така излегува дека во земјата околу 8,1 процент од младите не може да најде работно место.

За портпаролката на германскиот Сојузен завод за вработување Илона Мирчин сметањето на бројот на невработени не е непотребно дуплирање. Откажувањето од собирање податоци од страна на државниот орган би можело да има дирекно влијание врз тоа колку државата би требало да им обезбеди бенефиции на невработените.

Како што се чини, во Европа ќе останат двата начини според кои се мери невработеноста меѓу младите луѓе.