1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двоен ултиматум против Мурси

Во Египет врие. Прво опозицијата му постави рок на претседателот Мохамед Мурси да се повлече од функцијата, а потоа и моќната армија постави ултиматум. Приврзаниците на Мурси пак повикаа на противпротести.

Огромните демонстрации и крвавите судири ја прелееја чашата. Војската побара во рок од 48 часа да биде надминат конфликтот меѓу Муслиманското братство и опозицијата. Министерот за одбрана генерал Абдел Фатахал ал-Сиси истакна дека тоа е „последна шанса“. „Доколку барањата на луѓето во Египет не бидат исполенети во дадениот рок, армијата - соодветно на својата национална и историска одговорност - ќе објави план за во иднина и ќе воведе редица мерки, кои ќе бидат спроведени со учество на сите политички фракции“. Армијата меѓутоа негира дека се работи за закана со пуч. Страните во конфликтот требало всушност да се поттикнат да најдат компромис.

Abdel-Fattah al-Sissi

Генерал Абдел Фатахал ал-Сиси

Министерството за внатрешни работи соопшти дека целосно ги поддржува силите за безбедност. Поради загриженсот за националната безбедност полицијата објави целосна солидарност со силите за безбедност, како што објавува весникот „Ал Ахрам“ онлајн.

Претседателот Мохамед Мурси во текот на ноќта го отфрли ултиматумот за компромис со опозицијата. Соопштението на водството на армијата не било договорено со него, соопшти канцеларијата на Мурси. Претседателот и натаму ќе го следи својот план за национално помирување. Тој како и досега бил подготвен за дијалог.

Портпарол на Муслиманското братство на Мурси преку платформата Твитер соопшти дека луѓето во целата земја ќе се спротивстават на обидот за пуч и ќе излезат на улица. Еден од водечките членови на Муслиманското братство на еден собир во Каиро пак рече: „Секој пуч, од каков и да е вид против праведноста, ќе успее само преку нас мртви“.

Протестите продолжуваат

Демонстрациите на десетици илјади противници и приврзаници на Мурси продолжија до раните утрински часови во Каиро. Синоќа противниците на претседателот ја запалија централата на партијата Васат, која во 1990 година беше формирана од членови на Муслиманското братство и дури по падот на властодржецот Хосни Мубарак беше официјално дозволена. Очевидци информираат дека во градот Суец дошло до престрелка меѓу приврзаниците и противниците на Мурси. Во меѓувреме салафистичката Нур партија повика на предвремени парламентари избори. Освен тоа би требало да биде формирана експертска влада, јави телевизијата „Ал Џезеира“.

Kairo Massenproteste gegen Präsident Mursi 01.07.2013

Протести во Каиро

Исто така и протесното движење Тамаруд (Бунт) му постави ултиматум на претседателот: да поднесе оставка до денеска во16 часот по средноевропско време, во поинаков случај таа се закани со натамошни акции. Тамаруд ги обвини исламистите дека не ги решаваат економските и социјалните проблеми, и стравува од постепена исламизација. Приврзаниците на Мурси во кризата гледаат идеолошка борба за превласт - за и против исламот. Опозицијата најави, дека ќе продолжи со својот отпор, додека Мурси не поднесе оставка.

Министерски оставки

Врз Мурси расте и интерен притисок. Според една информација на државаната новинска агенција Мена, во текот на ноќта оставка поднел и министерот за надворешни работи Мохамед Камел Амр. Претходно други пет министри поднесоа оставки, очигледно бидејќи биле симпатизери на анти-Мурси протестите.

Во неделата, на годишнината од стапувањето на должност на Мурси, стотици илјади во целата земја протестираа за и против владата. Во текот на ноќта кон понеделникот ситуацијата драматично се влоши. Според податоци на Министерството за здравство на Египет, убиени биле најмалку 16 луѓе, а повеќе од 780 биле повредени.

Американскиот претседател Барак Обама изрази загриженост од ескалација на масовните протести. Тој апелираше до Мурси да соработува со опозициајта да се изнајде мировно решение. „Во демократијата не станува збор само за избори“, рече тој.