1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двоен бомбашки напад во Дагестан

Во двоен бомбашки напад во руската република Дагестан, во северен Кавказ, биле убиени најмалку 20 луѓе, меѓу нив и полицајци. За случајот е започната истражна постапка за терористички акт, соопштија властите.

Во нападот во градот Махачкала биле ранети околу 80 лица, јавуваат московските медиуми, повикувајќи се на информации од тамошното министерство за внатрешни работи.

Првата експлозија се случила кога полициска патрола запрела едно возило поради рутинска контрола. По запирањето, напаѓачот го активирал експлозивот што се наоѓал во возилото.

Втората експлозија, која однесла и најголем дел од жртвите, се случила кога на местото на настанот пристигнале амбулантини и противпожарни возила и се собрале голем број лица. Оваа експлозија била предизвикана од паркиран автомобил.

Според непотврдени информации, што ги пренесе еден исламистички интернет сајт, при експлозиите е оштетен и гасовод што минувал покрај местото на нападите.

Истражните органи на Дагестен соопштија дека за случајот е започната истражна постапка за терористички акт.

Радикалните исламисти во Дагестан, слично како во Чеченија, се борат за воспоставување независен Кавкаски емират. Регионот се наоѓа во близина на рускиот град Сочи, каде во 2014-та ќе се одржат зимските олимписки игри.