1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Двоен аршин за земјоделците во ЕУ

Од 2014 година ќе има помалку субвенции за земјоделците од Западна Европа. Затоа пак, оние од Источна Европа со нетрпение ги чекаат новите реформи. Тие се жалат на нерамномерната распределба на субвенциите.

default

Еден комбајн за жнеење чини околу 200.000 евра

Ќе се ора се’ додека не падне првиот снег. На овој земјоделски посед во Литванија, голем околу 1.000 хектари, се сади жито. Сопственикот за секој хектар земја од ЕУ добива 100 евра, а земјоделците во Западна Европа добиваат дури 260 евра. Земјоделецот Рокас сака да го прошири неговиот посед, но не може да најде земјиштето за продавање. Во Литванија доаѓаат земјоделци од Запад и го купуваат необработливото земјиште: „Основа на секој земјоделски посед е земјиштето и почвата. Сега земјоделците од Западот го купуваат нашето земјиште со субвенциите што ги добиле од ЕУ. Доколку би добивале и ние толку пари како нив од ЕУ и ние ќе можеме да купиме земјиште на Запад“-вели земјоделецот Рокас Видеманс.

ЕУ не е фер кон земјоделците од Истокот

NO FLASH Getreide

Земјоделците од Истокот за поседите добиваат по 100 евра од хектар земјиште

Тој неодамна купи две нови комбајни и за нив плати околу 400.000 евра. 40 проценти од сумата ја финансираше ЕУ. Земјоделците во западните земји не добиваат вакви субвенции. Па сепак, Литванецот Рокас мисли дека ЕУ не е фер кон земјоделците од Истокот: „Не‘ мотивираат да купуваме нови машини, но фабриките во кои се прават земјоделските машини се наоѓаат во Западна Европа. Кај нас во Источна Европа нема ниту една фабрика. Ние сме двојно измамени, профитираат само западните производители на техника.“

Квалитетот пред квантитетот

Beeren Himbeere

Еколошки произведени малини

Соседот на Видеманс Лукас е производител на био-производи. На 36 хектари земјиште тој одгледува малини, рибизли и јагоди. Поради малата површина што ја поседува Лукас добива и малку субвенции од ЕУ. Тој лично се чувствува запоставен. Имено, произведува еколошки, без вештачки ѓубрива и отровни материи. Затоа, тој бара субвенциите да се делат според квалитетот на производите, а не според големината на површината: „Системот на субвенционирање е комплетно неправеден. На овој начин нема конкуренција меѓу земјоделците производители и меѓу поедини земји?“-вели Лукас Ванагас. Но, барањата на литванскиот земјоделец и навистина може да се остварат, бидејќи тоа веќе и го предвидува ЕУ со реформите во земјоделството од 2014 година.

Автро: Карл Харенброк / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска