1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дводневна средба на Контакт-групата за Либија

Во Истанбул денеска по четврти пат се собира т.н. Меѓународна контакт-група за Либија.Со оглед на воената „пат ситуација“ во северноафриканската земја, се` поизгледна е можноста за постигнување решение преку преговори.

default

Давутоглу при посетата на Бенгази

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, има намера на дводневната средба во Истанбул на западните и на колегите од арапските држави да им претстави актуелизирана верзија на турскиот мировен план првпат претставен во април.

На средбата во Истанбул ќе учествува и државниот секретар на САД, Хилари Клинтон како и министрите за надворешни работи на Австралија, Бахреин, Канада, Данска, Франција, Италија, Велика Британија, Малта, Мароко, Холандија, Полска, Обединетите Арапски Емирати, како и на Португалија во улога на набљудувач.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, претседателот на Арапската лига, претставници на Огранизацијата на исламската конференција и Советот за соработка во Персискиот Залив, исто така ќе присуствуваат на средбата во Истанбул.

Русија беше поканета, но одби да учествува, повторувајќи ја својата веќе позната позиција дека единствено место каде може да биде решена либиската криза е Советот за безбедност на ОН.

Пред пристигнувањето во Истанбул, Хилари Клинтон изјави дека деновите на Моамер Гадафи се веќе изброени, по успесите на либиските бунтовници на војното поле.

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, истакна дека на седницата ќе биде разгледано прашањето за решавање на финансиските проблеми на либиските бунтовници.

Автор: СН/ТТ/миа

Редактор: Борис Георгиевски