1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Две членки на Пуси Рајот побегнаа од Русија

Две членки на руската панк-група Пуси Рајот побегнаа од Русија, соопшти бендот денеска (26.08) преку социјалната мрежа Твитер.

Двете девојки, според пораката на Пуси Рајот, избегале од Русија за да избегнат кривично гонење. Во пораката на социјалната мрежа Твитер уште се вели: „Тие регрутираат странски феминистки за да подготвуваат нови акции“.

Три музичарки на панк-бендот минатата недела беа осудени на затворски казни од две години, откако беа прогласени за виновни за хулиганство и поттикнување религиозна омраза. Тие, заедно со уште две членки на групата, во февруари годинава, во најголемата црква во Москва, носејќи ги за нив карактеристичните маски на главата во шарени бои, гласно го изразија својот револт против рускиот претседател Владимир Путин преку таканаречена „панк молитва“. Руската полиција на почетокот на неделава соопшти дека и натаму трага по останатите две членки на бендот.

Сопругот на една од осудените музичарки потврди дека другите две девојки се наоѓаат на „сигурно место, надвор од досегот на руската полиција“, во земја која нема склучено со Русија договор за испорака на лица.