1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Две лица осомничени за масакрот кај Смиљковци се во бегство

Македонската полиција поднесе кривични пријави против пет лица осомничени за сторено кривично дело тероризам, од кои две се во бегство. Обвинителството ќе бара максимални казни за сторителите на масакрот кај Смиљковци.

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуовска денеска (02.05) соопшти дека МВР поднесло пет кривични пријави за тероризам против лица на возраст меѓу 24 и 54 години. Тројца од нив, од кои едното е на возраст од 27 години и двајца браќа на возраст од 32 односно 33 години од Скопје, најверојатно се осомничени како извршители на убиството кај Смиљковци, додека останатите двајца се товарат дека им помогнале при изршување на кривичното дело. Две осомничени лица се во бегство. Според досега добиените сознанија, тројцата пријавени околу 20 часот во атарот на с. Смиљковци на 12 април со употреба на две автоматски пушки и еден пиштол ги убиле петте момчиња, по што со автомобилот „опел омега“ темно црвена боја го напуштиле местото и се упатиле во близина на местото викано Вражји вир каде и што го оставиле возилото. По извршување на кривичното дело пријавените, кои биле помагачи, им обезбедиле засолниште и им помогнале илегално да ја преминат границата кон Република Косово.

Податокот за тоа кои се директните извршители или учесници во петкратното убиство ќе биде објавен откако ќе биде завршен распитот кај истражниот судија.
На новинарско прашање која е етничката припадност на осомничените, Јанкулоска децидна дека за МВР сторителите на кривични дела се сторители и полицијата не утврдува етничка припадност, туку инволвираност во кривични дела. Факт е, рече, дека овие лица се припадници на група која е поддржувач на радикалниот ислам и оти е пронајдено големо количество оружје, што не е во духот на ниту една религија и факт е дека се инволвирани во недозволени дејства, односно кривични дела, беше речено денеска. Учеството во мировната мисија во Авганистан, Македонија ја става на мапата земји кои можат да бидат потенцијален „таргет“ на терористички ориентирани поединци или групации, беше посочено на прес - конференцијата.

Ljupco Svrgovski Staatsanwalt Mazedonien

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски

Во посебен извештај, како што е соопштено, од јавниот обвинител е побарано до истражниот судија да предложи одредување мерка краткротраен притовор за пријавените лица, со цел добивање на потребните наоди и вештачења со кои поединчено би се утврдила евентуална кривична одговорност.

Шврговски: Обвинителството ќе бара максимални казни

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски денеска најави дека Обвинителството ќе бара максимална казна за сторителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро:

„Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривично дело -тероризам, за кои е предвидена максимална казна доживотен затвор. Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има прибрано ќе срочи квалитетна кривична пријава која ќе може да ја процесуираме во најкраток можен рок“, изјави Шврговски одговарајќи на новинарско прашање пред свечената изјава на новоизбраните јавни обвинители.

Тој оцени дека полицијата покажала висок степен на професионализам и неверојатна ефикасност. Во интерес на истрагата не сакаше да коментира, а повеќе детали за случајот најави за утре.

Поврзана содржина