1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Две и пол години затвор за Вранишковски

Поранешниот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски и во повтореното судење доби две и пол години затворска казна.

Вранишковски е обвинет за злоупотреба на 325 илјади евра, црковни пари на три епархии со кои тој раководеше, Преспанско – пелагониската, Брегалничката и Повардарската.

Покрај затворската казна, судот го задолжи да ги врати парите на епархиите како и на фондот за здравствено и пензиско осигурување. До правосилноста на пресудата, јавниот обвинител побара на Вранишковски да му се продолжи притворот, за повторно да не избега од земјата. Притворот му истекува на 15-ти овој месец. И на првото судење Вранишковски беше осуден на затворска казна во траење од две и пол години. Но, тогаш тој не беше во државата. Беше уапсен кон крајот на минатата година на македонско-грчката граница во обид да влезе во земјата. Казната ја одлежуваше во Идризово. Но, поради тоа што судот го осудил во

отсуство ја искористи можноста за жалба. Додека траеше повторното судење, Вранишковски беше во притвор.