1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Две децении самостојност

Референдум, прогласена самостојност, прием во ОН, спогодба со Грција... Македонија оваа година одбележува 20 години од прогласувањето независност. Воедно, годинава се одбележува и десетгодишнината од Охридскиот договор.

default

Првата декада од независноста заврши со внатрешен воен конфликт, што ОВК, преку своите коминикеа, прво го третираше како борба за територија, но потоа го објаснуваше како борба за човекови права. Следуваше охридското примирје со нов уставен концепт на

Flüchtlinge Kosovo Albanien UN Flüchtlingshilfswerk

Македонија во 1999 година се соочи со огромен бегалски бран од Косово

мултиетничко општество. Веќе петта година државата има кандидатски статус во ЕУ, во предворјето е на НАТО, со континуирана блокада од јужниот сосед се‘ додека нема разврска за спорот околу името.

За мала европска земја ова е уште време на зреење на државата во меѓународната заедница по дисолуцијата на југо-федерацијата:

„Ние направивме херојски од на создавање, на маркирање независна македонска држава, прво со еден мек, процедурален излез од распадот и крвавата војна врзана за распадот на Југославија, епохален исчекор, со мека дисолуција од распаднатата федерација и имавме во 1992 година, за мене, клучен момент - влезот на Американците во Македонија и инсталирање на нивните служби овде. Тоа е многу важен момент“, вели професор Љубомир Фрчковски, еден од авторите на Уставот, екс министер за внатрешни и надворешни работи во владите на СДСМ.

Услов да се биде самостоен

По референдумот и Бадентеровата арбитража дека Македонија ги исполнува условите да биде самостојна држава, следуваше период на меѓународно етаблирање:

„Периодот од 1990 до 1996 година беше фундаментален период, втемелувачки внатре и во регионот, и на

Prof. Dr. Ljubomir Frckoski

Љубомир Фрчковски

меѓународен план. По 1996 година доаѓа периодот кога Македонија се обидува да биде видлива, внатрешно, демократски, мултикултурно општество во демократија, со сите проблеми и тежини“, вели Фрчковски, додавајќи дека во тоа време се решаваат и спорните и отворени прашања со соседите.

На 8 април 1993 година, со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција за промена на уставното име, зачленувањето во ОН беше направено под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија.

На наредната страница:

Соседи