1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двете Кореи се договорија за средби на раздвоените семејства

Северна и Јужна Кореја планираат уште во текот на месецов повторно да дозволат контакт меѓу семејствата кои се разделени уште од Корејската војна пред 60 години. Тоа би биле први вакви средби по повеќе од три години.

Јужна Кореја соопшти денеска дека Северна Кореја се согласила подоцна овој месец да одржи средби на раздвоените семејства од војната (1950-1953), први по повеќе од три години.

Министерството за обединување на семејствата на Јужна Кореја соопшти дека договорот за средбите на раздвоените семејства е постигнат денеска на границата на двете Кореи, а на разговорите присуствува делегација на Црвениот крст на двете земји.

Средбите се планирани да се одржат меѓу 20 и 25 февруари, во време на почеток на годишните јужнокорејски-американски воени вежби за кои Северна Кореја тврди дека се проба за инвазија врз неа. Јужна Кореја и САД од друга страна соопштија дека вежбите се исклучиво од одбранбен карактер.

Средбите на семејствата претходно требаше да се одржат во септември минатата година, но во последен момент Северна Кореја се откажа од нив, обвинувајќи ја Јужна Кореја дека се подготвува за воени вежби и за други непријателски акти.