1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Два тима, две големи желби

Првпат во македонската спортска историја, две репрезентативни селекции во истовреме ќе бидат дел од два мега- настани. Јавноста ги испрати ракометарите и ватерполистите на Европските првенства.

default

Кире Лазаров

Ракометарите подготвени за висок лет

Со помпезност, со желби за следење на патот на кошаркарите, ракометната експедиција од центарот на Скопје беше испратена во Србија.

Борко Ристовски пред заминувањето за Ниш зборува за подготвеноста.

„Се подготвувавме напорно и на тактички и на физички план. Свесни сме за големите очекувања на јавноста од нас. Ние патуваме во Ниш со желба да се докажеме и да го потврдиме она што сите од нас го очекуваат.“

Најнеблагодарното прашање за спортистите обично се прогнозите. Вакво е размислувањето на Ристовски за можните дострели на Македонија.

„Објективниот дострел го гледам во настојувањата секој од нас да даде 100% од можностите. Доколку успееме во тоа, ќе бидеме многу блиску до пласман на Олимпијадата.“

Шведска, Германија, Чешка е редоследот на натпреварите на Македонија во првата фаза.

Mazedonien Handball Nationalmannschaft

„Шведска е многу незгодна репрезентација. Има промена на генерацијата, но сето тоа се квалитетни играчи, кои играат во големи клубови. Нашата шанса ќе ја бараме во добра одбрана и во лесни голови со полуконра и со контра. Германија е Германија, без ралика што и Германците имаат нова генерација, тие никогаш не смеат да се потценат. Ако мечот против Чешка биде решавачки, ќе биде исклучително тешко за нас.“

Силни и мотивирани

Ватерполистите веќе се во Белград, последната подготвителна дестинација пред патот во Ајндховен во Холандија. Оптимизам, убави резултатски очекувања провејуваат кај ватерполистите. За подготвеноста зборува Димитар Димовски.

„Мислам дека никогаш не сме биле поподготвени,одошто сме сега. Со тоа очекуваме и големи резултати. Се проверивме против Холандија и Турција и ги победивме. Играчки се комплетиравме,ќе бидеме во полн состав и мислам дека шансите се добри.“

Mazedonien Wasserball Nationalteam

Групата во која ќе игра Македонија ја коментира Игор Милановиќ.

„Тука е светскиот шампион Италија, кој е фаворит во групата заедно со олимпискиот првак, Унгарија. Другите екипи во групата се Турција, Холандија и Грција. Со Грција ќе биде неизвесно, додека за Турција и Холандија сметам дека ќе ги победиме.“

Олимпијадата во мислите, медал во срцата

Дали се водени од младешката импулсивност или има и доза на реалност, кога желбите на македонските репрезенти Димовски и Милановиќ одат дури и до борба за медал во Холандија? Димовски:

„Реално би можеле да бидеме меѓу првите 6 екипи, а нашите желби се освојување на медал.“ Милановиќ:

„Ако, се избориме за 5-то место, директно ќе одиме на Олимпијадата. Ако сме пласирани од 6 - 9 место ќе учествуваме на предолимпискиот турнир во Канада, со што би имале шанса за Олимписките игри. Но, нашите очекувања се и освојување на медал.“

Македонија деновиве е обземена со спортската треска.

В недела навивачките конвои со ракометни фанови од цела Македонија ќе се упатат кон Ниш. Преку 3.000 Македонци ќе го следат првиот дуел против Шведска!

Ватерполистите, ќе стартуваат в понеделник рано попладне против Турција. Ќе ја немаат поткрепата на ракометарите, но нема да изостане силната морална поддршка низ следењето на нивните игри преку телевизијата.

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски