1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Два проекти во чест на Мајка Тереза

Родниот град на големата хуманистка Мајка Тереза,Скопје, го одбележува денот на нејзината смрт

Големата хуманистка

Големата хуманистка

На 5-ти септември пред девет години Нобеловката Мајка Тереза целосно му се предаде на Господ Бог,на кого целиот живот му служеше.Централната манифестација се одржува во МАНУ,каде на делото на Мајка Тереза се потсетја повеќемина академици,политичари,црковни лица.естрадни и јавни личности.Стојан Тренчевски од Здружението Мајка Тереза рече:

-Има настани,има денови кои никогаш не се забораваат.5-ти септември,денот на упокојувањето на Мајка Тереза и нејзиното предавање на семожниот Бог,на кого му служеше.е настан кој Скопје секогаш ќе го чествува,бидејќи овој ден неделливо не поврзува со големата хуманистка,со Скопјанката Гонџа Бојаџиу,со единствената Нобеловка.

Ако го немаше Скопје,ќе ме немаше ниту мене,милувала да каже Мајка Тереза.Горд на својот град е и Емил Илиќ,кој пропешачи безброј километри за да ја промовира Македонија.Со тоа ја заслужи годинешната статуетка Мајка Тереза:

-Ова е најголемото признание што можам да го добијам,преку името на големата хуманистка признато во целиот свет и доаѓа од хуманите и чесни луѓе,тоа ќе ми биде и поттик повеќе да успеам и да направам чекор повеќе за Македонија.

Скопје продолжува да се подготвува за два големи јубилеи врзани за Мајка Тереза: да се обиде да и се одолжи на големата хуманистка со изградба на нејзината родна куќа,најави Тренчевски:

-Догодина,десет години од упокојувањето на Мајка Тереза,посакуваме да го ставиме камен темелникот на родната куќа на Гонџа Бојаџиу во централниот дел од Скопје,а во 2010 година,на еден век од нејзиното раѓање, во престолниот град на Македонија да го пречекаме папата Бенедикт 16,да ја освети куќата,која ќе биде едно од светилиштата,во која годишно ќе престојуваат и наминуваат повеќе од 500 илјади верници.

Годинава не се отвори дебатата околу нејзината етничка припадност,што ја водат македонските и албанските историчари,се согласуваат дека е Родена во Скопје,но спорат дали е Албанка или македонска Влаинка.

Музичката ѕвезда Адриан Гаџа отпеа песна за неа на комбиниран македонско албански јазик.