1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Два милиони Филипинци загрозени од поплавите

Екипите за итна помош по големите поплави во филипинскиот главен град Манила во меѓувреме мораат да згрижат речиси два милиони луѓе.

Поројните дождови на Филипините продолжуваат да паѓаат, а експертите предупредуваат од натамошни поплави. Од вторникот наваму повеќе градски населби на 15-милионската метропола Манила и околните провинции се поплавени. Во Манила е извршена и нова евакуација. Спасувачките тимови се обидуваат да пружат помош на илјадници жители чии домови се поплавени. Најмалку 24 луѓе загинаа во Манила и 16 провинции во северниот дел од државата каде голем дел од реките се излеаја од коритата поради поројните дождови. Повеќе од половина милион луѓе беа принудени да ги напуштат домовите од кои околу 300 илјади се во 500 евакуациски центри, а околу 200 илјади се сместени кај роднини во други делови од државата

Властите соопштија дека им недостасуваат повеќе илјади доброволци за доставување на помошта во прехранбени производи и вода за пиење до погодените области. Од поплавите се погодени околу два милиони луѓе.