1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Два милиони муслимани на аџилак во Мека

Милиони муслимани од цел свет се собираат секоја година во Мека, во Саудиска Арабија. Таму почнува повеќедневниот аџилак на верниците по однапред определените станици.

Во градот Мека во Саудиска Арабија денеска (24.10) се очекуваат повеќе од два милиона муслимани на почетокот на традиционалниот аџилак. Кулминација на ритуалот е утрешното искачување на брегот Арафат. Покрај 1,6 милиони муслимани од странство, се очекуваат околу 750 илјади верници од Саудиска Арабија, во чиј западен дел лежат традиционалните места за аџилак. Безбедносните сили на земјата се исправени пред голем предизвик за време на празникот. Минатите години често се случуваа несреќи поради пожар или масовна паника при процесиите, како онаа што изби пред шест години кога загинаа 364 аџии. Последните месеци Саудиска Арабија инвестираше повеќе од 220 милиони евра во инфраструктурни мерки и обезбедување на аџилакот во Мека, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и секој муслиман треба да го изврши барем еднаш во својот живот. Останатите четири столба се верската определеност кон Господ и Мухамед како господов пророк, ритуалната молитва, која се врши петпати на ден, милостината за сиромашните и постот за време на Рамазан.

Обврските на муслиманите-верници се пропишани во Коранот, светата книга на муслиманите.