1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Два милиони луѓе годишно умираат од СИДА

Објаснување, заштита и солидарност- ова се целите на светскиот ден за борба со сидата. Во светот околу 33 милиони луѓе се ХИВ позитивни, но бројот на заразени постојано се зголемува и во сиромашните и развиените земји.

default

Црвената панделка е симбол на борбата против СИДА и ХИВ

За дваест и седум години од кога е регистрирана болеста, од сида починале 25 милиони луѓе, а само минатата година два милиони. Според податоците на Светската здравствена организација и ОН, постојано се зголемува и бројот на заразени од вирусот ХИВ од кој подоцна се развива болеста. Досега во светот со смртоносниот вирус се заразени 33 милиони лица. За жал, меѓу жртвите на „чумата на 21 век“ се и милиони деца. Само од 2005 до 2007 година смртоносната болест однесе 1,2 милиони детски животи. Во борбата против чумата на новото време, долго време децата беа заборавени, иако токму тие се на врвот на црните бројки.

Aids in Südafrika

Милиони деца се жртви на смртоносната болест

Од два милиони заразени деца, дневно умираат дури осумстотини. Поради црните статистики и УНИЦЕФ апелираше да се овозможат повеќе тестови и да има повеќе можности за лекување за новороденчињата кои се инфицирани од сида.

Секое второ дете родено со вирусот умира пред втората година доколку не се лекува, велат проценките на оваа организација според која шансите за преживување на овие деца се зголемуваат за 75%, доколку тие добијат соодветни лекарски третмани во првите две недели од животот.

„И јас и УНИЦЕФ сметаме дека секое дете има право на лекување“, изјави Ан Катрин Линзенхоф, потпретседателка на германскиот огранок на организацијата.

СИДА-та стана семејна болест во Африка

90 проценти од два милиони ХИВ позитивни деца болеста ја добиле со раѓањето или се инфицирале од мајчиното млеко. Затоа, од големо значење е бремените жени навреме да знаат дали го носат фаталниот вирус, односно да се тестираат и да примат соодветна терапија. Во акцијата за зголемување на помошта за децата болни од сида се вклучи и Германија која обезбеди 11 милиони евра за болните од Африка, а над 700.000 Германци со својот потпис побараа поголема заштита од сида и помош за заразените деца. „Сидата стана семејна болест во Африка. Во земјите со голем процент на болни сепак постигнавме 60 отсто од бремените жени да се тестираат што претставува голем успех,“ вели Дејвид Алнвик, раководител на Програмата за борба против сида на УНИЦЕФ за Источна и Јужна Африка. Позитивен напредок има и кај достапноста на лековите.

Esther Babalola HIV/AIDS in Sagamu, Nigeria, Medikamente

Цените на лековите се намалени

Во послeдниве три години драстично се намалени цените за медикаментите наменети за децата и изнесуваат 10 центи дневно. „Практично за првпат сега има и лекови против сидата дозирани за децата. Порано имаше само дози за возрасни па на децата им се даваа според проценка на лекарот,“ вели Линзенхоф.

Болеста се шири и во развиените земји

Иако најмногу инфицирани од ХИВ и заболени од сида има во Африка, Азија и Јужна Америка, оваа болест не ја заобиколи ниту Германија. Само во последнава година бројот на инфицирани лица е зголемен и достигна 90 000.

„Патот до болеста е ист како и во Африка, така што и тука дел од новоинфицираните се новороденчиња,“ вели Дијана Голце, претседател на Комисијата за деца на германскиот Бундестаг. Таа е загрижена од односот на младата генерација која смета дека сидата е нешто далечно за нив, како и болест која може да се лекува.

„Токму затоа сметам дека во Германија треба да се засили превенцијата особено кај младите луѓе,” вели Голце.

DW.COM