1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Два месеца по палестинските и еден ден по израелските избори

Хамас најави отпор против плановите на Олмерт за утврдување на границата. Денеска министрите на новата влада треба да поднесат заклетва.

Исмаил Ханија

Исмаил Ханија

Со оглед на победата на партијата Кадима на парламентарните избори во Израел, палестинската владеачка партија Хамас, најави отпор против плановите за утврдување на границата на Западниот брег на израелскиот победник на изборите Ехуд Олмерт. Палестинскиот народ неможе да го прифати планот на Олмерт за унилатерално утрвдување на границата, рече синоќа Ислмаил Ханија, политичарот на Хамас и нов шеф на палестинската влада. Во телевизиското обраќање преку Ал Џезеира, Ханија го повика Израел да преземе „храбри чекори“ и да овозможи „формирање на суверена Палестинска држава со Ерусалим како главен град“.

На денот на израелските избори, два месеца по палестинските избори, вчера беше потврдена новата влада вод водство на Хамас.

Пратениците во палестинскиот парламент во вторникот ја потврдија новата влада под водство на Хамас. Пратениците гласаа со 71 глас за и 36 гласа против. Непосредно пред донесувањето на одлуката, Ханија пред парламентот уште еднаш го потвдри ставот на неговата влада во однос на Израел. При преставувањето на новата владина програма Ханија во понеделникот им понуди разговори на Блсикоисточниот квартет ЕУ, САД, ОН и Русија, но неможеше да се забележи промена на ставот во однос на Израел. Внатрешно политички Хамас има намера да и стави крај на корупцијата во владините кругови и управниот апарат и да создаде нови работни места. Новите 24 министри под водство на шефот на владата Исмаил Ханија, денеска треба да положат заклетва. Меѓу нив се наоѓа една жена и еден христијанин, кои важат за лојални на Хамас.

Сите минситри се од редовите на Хамас, бидејќи ниту една друга палестинска фракција не беше подготвена да учествува во новата влада, радикално – исламистичкиот Хамас формираше нов кабинет само од сиопствените кандидати.

Инаку Хамас како милиција има илјандици вооружени борци а сега го презема и управниот апарат врз безбедносните сили во Палестина.