1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Два златни медала за Германија

Спортскит терени во сверна Италија во најубаво светло ги дочекаа спортистите од целиот свет. Михаел Грајс од Неселванг и Георг Хетих од Шонах дополнително го разубавија почетокот на 20 Олимписки игри за гермаснкиот тим: и двајцата освоија златни медали.

Претседателот Келер со честитики за Грајс

Претседателот Келер со честитики за Грајс

Биатлетот Михаел Грајс беше главниот актер на првото доделување на медали на зимските олимписки игри на Пјаца Кастело во Торино. Шест часа по неговата победа во категоријата бијатлон 20 километри во Сан Сикарио, 29 годишниот Грајс рече

„Многу сум радосен, добра работа завршив. Имав одлична трка. Шансите ми беа добри, а и добро стрелав. Многу сум радосен што го осовив првиот златен медал овде во Торино.“

Михаел Грајс кој вторпат учествува на Олимпијада овој пат го оствари својот сон, но како изгледа успехот?

„Се надевам дека ќе го имам потребниот мир и ќе најдам време за да размислам и да го уживам успехот, но пред се да му се заблагодарам на целиот тим на тренери и техничари.“

За радост кај Германците се погрижи и Георг Хетих во нордиска комбинација. По изворедните скокови и одлично извозена трка на 15 километри и Хетих се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

„Сеуште не можам да верувам: Олимписки победник. Јас мислев тоа го има само на телевизија, а сега и јас сум Олимписки победник“ – рече 27 годишниот Георг Хетих

Жалбата пак поради така наречената заштитна забрана за тркачката Ефи Сахенбахер е одбиена. Кај неа беа измерени превисоки вредности на хемоглобинот, по што доби пет дневна забрана за натпреварување.

Денеска се очекува стартот на уште две гермаснки фаворитки во брзо лизгање Ани Фризингер и Калудија Пехштајн.

На вториот олиписки ден, натпреаварувачите и љубителите на спортот и денеска ќе може да уживаат во сонцето на планитите околу Торино и да се радуваат на нови спортски успеси.