1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Двајца Тибеќанци се самозапалија

Двајца Тибеќанци се самозапалија во северозападниот дел на Кина. Од протестите против кинеското владеење пред три години, досега се самозапалија околу 60 мажи и жени.

Според информации на организациите „Слободен Тибет“ и „Радио Слободна Азија“, двајцата мажи кои се самозапалија им подлегнале на повредите. Со ова, бројот на Тибеќанци кои се самозапалија во текот на една недела во северозападната кинеска провинција Ганси, се искачи на пет. Тибеќанците на тој начин протестираат против владеењето на Кина над нивниот народ.

Групата „Слободен Тибет“, која има седиште во Лондон, соопшти дека од задушувањето на тибетските протести во февруари 2009. година, се самозапалиле речиси 60 мажи и жени. Притоа, повеќето го загубија животот.

Кинеската влада во средата (24.10) го обвини духовниот лидер на Тибет, Далај Лама, дека ги охрабрува Тибеќанците на самозапалување. Далај Лама, според сопствени зборови, се држи „неутрално“.