1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Двајца заболени од свински грип во Македонија

Според Комисијата која ја следи состојбата со грип во државата, бројот на заболени годинава е помал во однос на истиот период минатата година

default

Последните податоци од Институтот за јавно здравје, од 1 до 13 јануари годинава, од последните анализи од пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести докажано е присуство на вирус на грип кај три пациенти.

Кај еден пациент било докажано присуство на вирус на грип од тип А (H3N2) и кај двајца вирус на грип тип А (H1N1). Пациентите ја добиваат потребната терапија и се во добра општа состојба.

Клинички се пријавени 411 лица со симптоми на грип, со што вкупната бројка на заболени со симптоми на грип, од октомври минатата година до сега, изнесува над илјада пациенти.

Комисијата за следење на состојбата со грип на вчерашната редовна работна средба ја разгледа состојбата со грип во државата, при што беше заклучено дека бројот на клинички дијагностицирани заболени од грип е помал, во однос на бројот на заболени во истиот период лани, со тенденција за зголемување на нивниот број во следниот период.