1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Двајца американски конгресмени со поддршка за уставното име на Македонија

*

Време е Грција да ги тргне своите забелешки од политичката арена и на историчарите да им ги остави дебатите за Александар Велики или за античките Македонци, изјави Републиканецот Марк Заудер пред колегите во американскиот Конгрес. Настапот на Заудер е реакција на резолуцијата што пред Конгресот и сенатот на почетокот на август годинава ја поднесоа неколкумина конгресмени и сенатори и во која се бараше почитување на привремената спогодба за името, а Македонија беше постојано именувана со кратенката ФИРОМ. Конгресменот од Демократската партија, Бил Паскрел во својот настап пред американскиот конгрес, вчера изрази загриженост што во текстот на резолуцијата од август, Република Македонија се именува со кратенката ФИРОМ, потсетувајќи ги колегите дека земјата досега е призната од 118 држави во светот под нејзиното уставно име.