1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дванесетмина загинати во напад во Турција

Во напад со експлозив врз полицијата, на југоисток на Турција денеска загинаа најмалку дванаесет лица. Во напад врз армијата вчера загинаа четири лица.

Се претпоставува дека зад денешниот (16.09) напад во провинцијата Бингол стои забранетата Курдска работничка партија - ПКК. Турските медиуми јавија дека мина експлодирала покрај патот по кој минувал полициски конвој. Мината била активирана со далечински управувач.

Вчера во провинцијата Хакари во сличен напад загинаа четворица војници. Борбите меѓу ПКК и турскитe безбедносни сили се заострија во текот на изминатите месеци. Турската армија, според сопствени наводи, во изминатите две недели убила повеќе од 120 борци на ПКК.

Конфликтот со ПКК, која од страна на Турција, САД и ЕУ е окарактеризирана како терористичка организација, во изминатите три децении однесе повеќе од 40.000 животи. Поради судирот е спречен развојот на еден од најсиромашните региони во Турција, а освен тоа, борбите ја зголемуваат и нестабилноста во, и онака нестабилниот, регион на границите со Иран, Ирак и Сирија.