1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Да се размисли за предлогот на Меѓународната кризна група

Македонски аналитичари сметаат дека извештајот на Меѓународната кризна група е поволен за Македонија. Таа предложи Атина да го прифати македонскиот идентитет и јазик, а Скопје предлогот: „Република Северна Македонија“.

default

Препорака: да се избегнуваат провокации во спорот меѓу Грција и Македонија

Идната недела ќе се одржи првото сослушување пред Меѓународниот суд на правдата во однос на македонската тужба против Грција, За неполн месец е предвидена нова рунда преговори за спорот со името.

Во пресрет на овие два важни настана, што ги отсликуваат актуелните грчко-македонски односи, странските амбсадори во Македонија ги повикаа Скопје и Атина сериозно да го разгледаат предлогот на Меѓународната кризна група. Оваа влијателна невладина организација препорачува Грција да го прифати македонскиот идентитет и јазик на северниот сосед, а Скопје да го прифати последниот предлог на Нимиц- „Република Северна Македонија“.

Извештајот е поволен за Македонија?

Повеќе домашни аналитичари и експерти по меѓународно право сметаат дека извештајот на МКГ е поволен за Македонија.

Владимир Мисев од Институтот за демократија вели:

„МКГ има сериозно влијание тука во Македонија. Кога би го имала истото влијание и во Грција, ситуацијата би била многу поинаква. Од друга страна, препораките во голема мера се прифатливи за македонската страна. Практично, извештајот на МКГ ги претставува сите можни сценарија, кои би можеле да се случат доколку спорот се одлага и понатаму. Токму затоа странските амбасадори сугерираат.“

Универзитетскиот професор Васко Наумовски објаснува:

„Според нив, ова решение би било прифатлививо и за двете страни, а тие ставови беа поддржани и од некои наши политичари, дека доколку Грција се согласи да го прифати македонскиот национален идентитет и посебноста на јазикот, тогаш Македонија наводно би требало да го смени името. Но, не сум сигурен дека владата во Атина е согласна оваа евентуална отстапка од македонска страна, прифаќањето на името Република Северна Македонија, да ја толкува ккао знак на добра волја и за сметка на тоа да го прифати постоењето на македонската нација и јазик.“

Официјално, ниту Скопје, ниту Атина досега не го коментираа предлогот на МКГ. Во меѓувреме Македонија реагираше во Брисел поради изјавата на актуелниот министер за култура во грчката влада, Андонис Самарас дека Македонија ќе се распадне. Во демаршот упатен од страна на македонската мисија во седиштето на Унијата, недипломатските изјави на Самарас се оценуваат како контрапродуктивни за односите меѓу Македонија и Грција.