1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Да се преговара со талибанците

Во Кабул заврши тридневната мировна џирга, односно мировниот племенски совет. Повеќе од 1.600 делегати ја повикаа владата да ги почне преговорите со талибанците.

default

Хамид Карзаи на заседанието на џиргата

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи доби мандат да преговара со талибанците. Мировната џирга заврши со декларација, која речиси се поклопува со концептот на владата. Сеопфатни, целосни и праведни - со овие зборови претседателот Карзаи ги оцени барањата произлезени од џиргата и уште еднаш ги повика бунтовниците:

„Драги браќа, драги талибанци, дојдете назад, заедно да изградиме мирен Авганистан.“

Меѓу другото, Карзаи предложи обичните борци на талибанците да добијат амнестија, пари и шанси за работно место, доколку се откажат од насилството. Водечките лица, пак, ќе имаат шанса да побараат азил во странство.

Уште 200 други барања

Резолуцијата што беше донесена содржи повеќе од двесте барања. Исламистичките екстремисти треба да ги

Abschluss Dschirga Afghanistan Kabul 2010

Авганистански делегати на џиргата

прекинат сите врски со Ал Каеда, додека лидерите на бунтовниците траб да бидат избришани од црната листа на ОН. Остана нејасно дали се работи за раководството на талибанците, предводено од Мула Омар. Освен тоа, како знак на добра волја, владата се обврзува да ги ослободи затворениците, кои се држат в затвор „по грешка“.

Понатаму, од меѓународните безбедносни трупи се бара да се откажат од воздушни напади врз цивилни цели. На крајот, мировниот племенски совет бара и составување на постојана комисија, која ќе работи на спроведување на мировниот процес.

Наместо коалиција против тероризам, коалиција за мир

Потрагата по мирот мора да биде спроведена со полна сила, истакна Киамудин Кашаф, заменик-претседателот на џиргата:

„Ја повикуваме авганистанскта влада и сите бунтовнички групации да работат заедно на што поскоро спроведување на оваа програма.“

Бурханудин Рабани, пак, кој е претседател на мировниот племенски совет, упати апел до владата и до меѓународната заедница:

„Наместо коалиција против тероризмот, треба да се изгради коалиција за мир.“

NO FLASH Jirga Afghanistan Schießerei Anschlag

На почетокот на џиргата извршени беа неколку напади врз Кабул

Мала веројатност за прифаќање на предлозите

Сепак, мала е веројатноста талибанците и останатите бунтовнички групации да ги прифатат предлозите за склучување мир. На почетокот на џиргата тие извршија неколку напади врз Кабул. Како услов од нивна страна за почнување на процесот на помирување, тие го поставија повлекувањето на странските трупи од Авганистан, што делегатите на џиргата едногласно го одбија.

Автор: Сабина Матај / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска