1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Да се подобри состојбата во светот!“

Што може да биде поубаво, отколку во грандиозните швајцарски пејсажи, опуштено и удобно, со поддржка од специјалитетите на регионаната кујна, да се разговара за подобрување на светот? За оваа цел секоја година топ менаџери, звеѕди и врвни политичари се собираат во швајцарскотот планинско село Давос на Светскиот економски форум, годинава се на се учествуваа 2.250 учесници.

Боно и Герхард Шредер во Давос

Боно и Герхард Шредер во Давос

Во неделата претпладне учесниците се сретнаа за последен пат. Основачот на форумот Клаус Шваб не се воздржува да извлече патетичен заклучок

“Ако пред очи си претставиме дека имаме одговорност, прво кон нас самите потоа кон светскaта заедница во нашето глобално село и дополнително спрема идните генерации тогаш ќе ја подбриме состојбата во севетот. ”

Да се подобри состојбата во светот – ништо помалку нема за цел швајцарскиот професот: Соодвето на тоа, амбициозни се и плановите за оваа година. Топ темите достигнуваат од сиромаштијата во Африка до глобализацијата и затоплувањето на земјата – политичарите и економските босови разговараа за се во средината на планините покриени со снег. Решенијата лежат на рака, значи на работа, побара Куми Наидо, шеф на јужно африканската невладина организација “ Цивикус”

“Веќе 30 години чекаме на ускладување на развојната помош, на не цел поцент од бруто домашниот производ. Тоа го успеаа пет индустриски земји. Додека не постои воља за напредок нема да се случи тоа.”

На масата во Давос беа претсатвени цел куп предлози за победување на сиромаштијата. Фрацускиот претседатл Жак Ширак има намера да воведе данок за финансиските шпекулации, Тони Блер најмалку да ја подбутне развојната помош, но сите се единствени во однос на тоа дека сиромашните земји мора да имаат слободен пруистап до пазарите на индустриските држави. Австралсикиот премиер Џон Хауард истакна:

“ Најголемиот придонес кој можат да го пружат индустриските земји за да се намали сиромаштијата, е да се отстранат трговските бариери. Пристапот до слободната трговија има многу поголема вредност отколку развојната помош.”

Меѓутоа Џон Хауард, како и неговите колеги од Европската Унија и САД , би морале да се запрашаат зошто нивните земји не напредуваат на овој план.

Но политичарите на Светскиот економски форум се едно, а друго се економските босови, кои се на аџилак во швајцарските планини. Тие исто така мора да се грижат духот од Давос да остане да живее и по завршувањето на конференцијата. Што може секое поединечно претпријатие да стори за животнта средина и против сиромаштијата / прашање на кое малкумина сакаат да одговорат. Само шефот на Њујоршката берза Џон Таин кажа нешто поконкретно:

“Вложувачите може да бараат фирмите во кои инвестираат, повеќе да се заложуваат за животната средина и искрено речено; И даноците се добар пат, за претпријатијата да се придвижат да работат правилно.”

Се кажаа многу важни, паметни и вистински работи, за една година треба да се провери до каде стигнало исполнувањето на амбициозната цел. Проблемот е тоа што ништо не беше заклучено – светскиот економски форум повеќе служи како размена.