1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Да се интервенира воено против Гадафи или не?

Дали меѓународната заедница мора да интервенира во Либија? Врз која основа може да биде воведена зона на забранети летови? Противниците на оваа идеја стравуваат од ризик-тоа би значело вовлекување во непредвидлива војна.

default

Бунтовници во Бенгази

Не само Кина и Русија, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, туку и западните експерти имаат во основа задршки против интервенција во членката на светската организација, суверена Либија. Реномираниот германски експерт по меѓународно право Рајнхард Меркел вели дека во Либија се одвива вид граѓанска војна, поради што не постои основа за интервенција. Меркел е критичар на косовската војна која ја водеше НАТО во 1999 година, а не беше „покриена“ со мандат од ОН. Интервенција во Либија би била можна само со мандат на Советот за безбедност на ОН, кој би констатирал дека конфликот во Либија е закана за светскиот мир, што фактички не е.

„Одговорност за заштита“

Друга правна можност претставува параграфот што зборува за „Одоворноста за заштита“, која ја има меѓународната заедница. Таквата обврска настапува кога одредена влада нема желба или можност да ги заштити своите граѓани од геноцид, воени злосторства или злосторства против човештвото. Во 2005 година на самитот на ОН овој принцип беше усвоен со акламација, но до денес не е обврзувачко правило.

Flash-Galerie Libyen Aufständische haben die Macht in Tobruk

Застапниците на воведувањето зона на забранети летови се повикуваат токму на оваа можност. Советот за безбедност на ОН во резолуцијата за Либија од 28 февруари се изјасни дека настаните во Либија со над илјада загинати можат да се сметаат за злосторство против човештвото. Советот го овласти Меѓународниот кривичен суд да започне постапка против Гадафи и членови на неговиот режим, што тој и го стори.

Но, до пресудата можат да поминат години, а толку долго не може да се чека. Правната дилема не ја разрешуваат ниту двата случаи на преседан: БиХ и Ирак. Во 1993 година Советот за безбедност донесе одлука за зона на забранети летови во БиХ за да спречи натамошни напади на српските воени авиони врз цивилни цели. Српската авијација не ја почитуваше забраната, па се најде на нишан. Во случајот на Ирак не постоеше одлука на Советот за безбедност на ОН. САД, Франција и Велика Британија одлуката за забранета зона за летови во северен Ирак во 1991 година ја образложија со заштита на курдското и сунитското малцинство од режимот на Садам Хусеин.

Не е исклучена еднострана акција

И во случајот со Либија не е исклучена еднострана акција на трите вето-сили следени од други членки на НАТО, без одлука на Советот за безбедност на ОН.

Сепак, ваквото сценарио има доста противници. Политичките елити и военото раководство на САД се скептични.

Libyen / Panzer / Bangasi

Ефикасната забрана за летови би значела војна, изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс. Тоа би значело елиминација на либиската авионска одбрана и соборување на либиските борбени авиони. САД би биле во можност тоа да го извршат и без сојузниците од Алијансата. Но, подготвеноста за впуштање во уште еден неизвесен воен конфликт, покрај веќе постојните во Ирак и Авганистан, во Вашингтон засега е ограничена.

Поткрепа на тезата за „западен заговор“

Западот е воздржан и поради тоа што воведувањето зона на забранети летови ќе биде насочување вода на воденицата на Гадафи во неговата теза за „заговор од Запад“ против Либија. Оваа теза може да добие плодна почва и надвор од Либија, во другите арапски и исламски земји. Таму засега не постои согласност за забранета зона за летови, за која се изјасни само Националниот совет на ослободени градови во Либија. Државите од Арапската лига на пример се против, постои стравување од инвазија на НАТО трупите во Либија и окупација на нафтените полиња. Стравот не е сосем неоснован. Постојат различни сценарија, од воздушна воена поддршка на либиската опозиција, на пример, преку бомбардирање владини тенкови. Во штабот на НАТО во Брисел се дискутираат сите варијанти. Во меѓувреме, во близина на либискиот брег се собираат големи поморски, воздушни и инвазиски сили на НАТО, кои би биле подготвени за спроведување на секое од овие сценарија.

Автор: Андреас Цумах/Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM