1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Да се извлече поука од кризата

Владите на 20-те најголеми економии во светот си поставија високи цели за Светскиот финансиски самит на 2 април во Лондон. Што сака Германија да постигне на средбата?

default

Германската канцеларка Ангела Меркел порача дека ќе настапи со силни позиции во Лондон

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека Германија сака да настапи во Лондон со силна позиција. Но, тоа не зависи само од Германија туку и севкупно од Европската Унија. „Доверба може да се воспостави само ако луѓето во нашите земји почувствуваат дека преземаме заеднички силни напори и оти сфаќаме дека од оваа криза мора да се извлече поука.“

Притоа, Европа уште пред средбата во Лондон изрази солидарност со оние земји, кои се особено погодени од кризата. ЕУ му вети 75 милијарди евра за итна помош на Меѓународниот монетарен фонд, од кои 15 милијарди издвои Германија. На последниот самит на ЕУ, канцеларката Меркел појасни дека девизата гласи: соработка наместо поделби.

Schweizer Bankgeheimnis Steinbrück

Министерот за финансии Пер Штајнбрик бара јакнење на ММФ

Зајакнување на меѓународните институции

Германија во Лондон ќе предложи усвојување на глобална Повелба за одржлива економија и ќе се обиде да спречи егоизмот и посебните интереси да надвладеат ширум светот. Во иднина треба да постои меѓународен надзор за тоа колку се почитуваат договорените регулативи за финансиските пазари, истакна германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик.

„За нас е важно, да бидат зајакнати меѓународните институции. Тоа се, имено, Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународниот форум за финансиска стабилност. Исто така е важно да постојат активности за рано предупредување, надзор и второ: сите учесници на финансиските пазари, сите производи, сите финансиски пазари мораат да подлежат на една регулатива.“

Германската влада, стана и предводник на борбата против т.н „ даночни оази“. Министерот за финансии Штајнбрик пред самитот на Г20 веќе започна спор со некои соседни земји, меѓу нив и Швајцарија и Австрија, каде се претпоставува дека има огромни износи пари од Германија, кои не биле оданочени. Повеќето од овие земји веќе сигнализираа подготвеност да ги олабават нивните правила за тајност на банкарските сметки и да ги пополнат дупките во нивните закони кои овозможуваат избегнување на оданочувањето. Оние што нема да соработуваат, според желбата на Берлин, треба да бидат ставени на црна листа земји против кои треба да бидат воведени санкции.

Средбата во Лондон треба да даде импулс за глобалната економија

Светскиот шампион во извоз, Германија од лондонската средба очекува и да му биде кажано јасно „не“ на протекционизмот и да биде зајакната слободната трговија во светот. Претседателот на Германското здружение за

Symbolbild Steueroase Schweiz

Швајцарија важи за т.н. „даночна оаза“. Германија врши притисок врз соседната земја да ги смени правилата за тајност на банкарските сметки

трговија со странство, Антон Бернер, бара во Лондон да биде даден импулс за обновување на преговорите за слободна трговија во светот од т.н „Доха рунда“.

„Брзото завршување на преговорите од ’Доха рундата’ би донесло растоварување на светската трговија за околу 300 милијарди долари годишно што би бил добредојден импулс за светската економија, од кој сите би профитирале: земјите во подем, земјите во развој и индустриски развиените држави“, вели Бернер.

Германија воочи лондонската средба се спротивставува на барањата на САД, Велика Британија и некои други земји за нови државни пакети за поттикнување на конјуктурата, вредни милијарди евра. Државата не би требало дополнително да се задолжува и да се вклучи во натпревар за тоа кој ќе понуди најголем конјунктурен пакет, се вели во Берлин. Нормално со мали исклучоци. Така германската влада подолго од планираното ја исплаќа премијата за расходување на стари автомобили, која е една од мерките на вториот конјунктурен пакет. Конечно, во земјата претстојат избори.

Автор: Бернд Греслер / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска